Се известуваат студентите на ФВМС кои сакаат да се кандидираат за претседател на Факултетското студентско собрание при ФВМС дека рокот за пријавување е 20.11.2019 година. За претседател може да се кандидира редовен студент кој запишал зимски семестар во учебната 2019/2020 година и ги положил сите испити заклучно со трет семестар. Кандидатите треба да поднесат Пријава за кандидатура која можат да ја подигнат во службата за студентски прашања, и во која треба да соберат најмалку 20 потписи од студенти како поддршка. Пополнетата пријава со 20-те потписи се заверува во архивата на ФВМС и се доставува до службата за студентски прашања.