Продекан за наука и меѓународна соработка

Проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу
Тел: ++ 389 2 3240 760
 

Во функција на остварување на целите на Факултетот од аспект на постдипломските студии (магистерски и докторски студии), продеканот за наука и меѓународна соработка, ги извршува следниве работи од делокругот на постдипломските студии (докторски студии), науката и меѓународната соработка на Факултетот:

  • ја организира и контролира постапката за пријавување и одбрана на докторски дисертации;
  • се грижи за образовни прашања во однос на задолжителните, изборните и факултативните предмети и односот меѓу теоретската и практичната настава на трет циклус на студии;
  • ги застапува академските принципи при донесување на студиските и предметните програми од трет циклус;
  • ги координира на работните групи при подготвување на студиските програми за специјалистички и докторски студии;
  • ги следи примената на студиските и предметните програми (предавања, семинари, вежби, консултации, клиничка настава) од трет циклус студии;
  • ги следи методите на студирање (индивидуална работа и тимска научно-истражувачка работа со специјализантите и докторанти;
  • во рамките на Факултетот ја организира и контролира постапката за пријавување и изработка на домашни и меѓународни проекти и соработува со УКИМ по тоа прашање;
  • се грижи за развој и ги координира сите форми на меѓународната соработка (соработка со меѓународни институции, факултети, универзитети и стопански субјекти) од државата и странство;
  • промовира меѓународната видливост на научниот профил и обезбедување на зголемено ниво на консултативни и кооперативни активности во насока на подобар пристап до фондовите за истражување пред се на меѓународната сцена;
  • ја координира и предлага поддршка на стручна и научна литература во библиотеката на Факултетот;
  • изготвува план за подобрување квалитетот за научни публикации и нивна апликација во списанија со фактор на влијание;
  • врши и други работи од делокругот на науката, апликацијата, односно применувачката дејност, развојот и меѓународната соработка, како и други работи што ќе му ги довери Деканот.