Во функција на остварување на целите на Факултетот од аспект на наставата и студирањето, продеканот за настава ги врши следниве работи во делокругот на додипломската настава и студирањето на факултетот:
- се грижи за реализацијата на наставата на интегрираните додипломски студии по ветеринарна медицина од прв и втор циклус, согласно со елаборатот на студиската програма;
- ги координира работните групи при подготвувањето на студиски програми;
- ја следи работата на Службата за студентски прашања и на деканот му предлага мерки за унапредување и ефикасност во работата на службата;
- ја организира и координира изработката на распоредот на наставата (распоред на предавањата, на вежбите и на теренската настава) и на проверките на знаења (распоред на континуираните проверки и на завршните испити);
- организира следење и подготвува елементи за анализа на успехот на студентите и на квалитетот на наставата;
- го води и координира спроведувањето на конкурсите за нови студенти и уписот на студентите;
- ги потпишува актите од делокругот на своето работење и други документи по овластување на деканот;
- одлучува по барања на студентите во прв степен, освен за оние за кои според прописите одлучува деканот;
- предлага стручна литература за настава во Библиотеката на Факултетот;
- врши и други работи од делокругот на наставата и наставните прашања, како и работи што ќе му ги довери деканот.