Деканатската управа е орган на управување на Факултетот. Деканатската управа ја сочинуваат деканот, продеканите, раководителите на институтите и претседателот на студентскиот парламент на факултетот.
Деканатската управа во рамките на својата надлежност:
- се грижи за остварување на дејноста и развојот на факултетот и за односите со пошироката општествена заедница и државните органи;
- донесува акти и го следи нивното извршување, освен актите кои се во надлежност на наставно-научниот совет;
- го усвојува финансискиот план и донесува завршна сметка (финансискиот годишен извештај) во рамките на единствениот финансиски план на Универзитетот и консолидираната завршна сметка на Универзитетот;
- согласно со закон, на Универзитетот му предлага измена или проширување на дејноста;
- ги подготвува и предлага актите и материјалите за прашања за кои одлучува наставно-научниот совет и деканот;
- одлучува по предлозите од наставно-научниот совет;
- донесува одлука за распоред на часовите и наставата (обезбеденост на наставата), на предлог на внатрешните организациони единици;
- донесува програма за студиски престои на соработници/асистенти, студенти и за реализација на визитинг професори од Факултетот на странски универзитети;
- го определува обемот на учество во наставно-образовниот процес на асистентите – докторанти;
- донесува план за јавни набавки;
- донесува одлуки за јавни набавки што се во надлежност на органот на управување, согласно со Законот за јавни набавки и актите на Универзитетот;
- одлучува по барањата на студентите;
- одлучува за предложените мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти;
- одлучува за предложените мерки за унапредување на наставната, научноистраажувачката и применувачката, односно апликативната работа и за компјутерската мрежа;
- врши и други работи определени со овој Правилник.
Членови на Деканатска управа на ФВМ-С се:
![]() проф. д-р Лазо Пендовски |
||
![]() проф. д-р Ксенија Илиевска Продекан за настава (kilievska@fvm.ukim.edu.mk) |
![]() доц. д-р Мирослав Ќосевски Продекан за наука и меѓународна соработка (miro@fvm.ukim.edu.mk) |
![]() проф. д-р Искра Цветковиќ Продекан за финансии (iskra@fvm.ukim.edu.mk) |
![]() проф. д-р Деан Јанкулоски |
![]() проф. д-р Кирил Крстевски Раководител на Ветеринарниот институт (krstevski@fvm.ukim.edu.mk) |
![]() проф. д-р Тони Довенски Раководител на Институтот за репродукција и биомедицина (dovenski@fvm.ukim.edu.mk) |
Јане Влахов – претседател на СПФВМС (janevlahov@fvm.ukim.edu.mk) |