Заштитено внатрешно пријавување

Врз основа на член 2, став 4 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр. 46/2016), Деканатската управа на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје на седницата одржана на 21.6.2016 год. донесе: ПРОЦЕДУРА за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од пријавите.

Врз основа на член 2, точка 1 и член 3 од Правилникот за за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр. 46/2016) и член 46 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – пречистен текст (Универзитетски гласник бр. 269 од 18.11.2013 год.), Деканот на Факултетот донесе: РЕШЕНИЕ за овластено лице за заштитено внатрешно пријавување на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

Овластено лице за заштитено внатрешно пријавување:

  • м-р Ана Орданоска
    Секретар на Факултетот
    Телефон: (070) 219 650
    Е-пошта: ana@fvm.ukim.edu.mk