Самостојна практика надвор од ФВМС

Координатор: проф. д-р Ксенија Илиевска

Самостојна пракса надвор од рамките на факултетот

Самостојната пракса надвор од рамките на факултетот има за цел да им овозможи на студентите да ги стекнат своите практични искуства директно од ветеринарните практичари и да се запознаат со секојдневната работа и обврски во ветеринарната пракса. Праксата се изведува без надзор од страна на ФВМС, во присуство на ветеринарен практичар, кој е овластен од страна на факултетот, односно со кој Факултетот има склучено договор за соработка.

Студентот во текот на праксата, води забелешки на сите активности во работниот дневник кој го потпишува одговорното лице (практичар). Работата за време на праксата е главно поединечна на различни видови пациенти, во придружба на овластениот ветеринар практичар. Студентите се обврзани да прикажат соодветно ниво на знаења и вештини кои ќе ги применат во текот на праксата. Самостојната пракса се изведува по отслушување на 10от, односно во 11от семестар и претставува услов  за пристапување кон изработка и одбрана на дипломски труд.

За реализирање на самостојната пракса надвор од рамките на факултетот, потребни се упатница и потврда потпишана од страна на одговорното лице, која се доставува до координаторот за самостојна пракса заедно со пополнетиот работен дневник.