Институтот за акредитација на Република Македонија составен од тим на четворица екстерни оценувачи од странство, на 25 и 26 Мај 2017 година имаше редовен надзор од третиот циклус на ре-акредитација на Факултетот за Ветеринарна медицина во Скопје.

Факултетот за прв пат помина без ниту една евидентирана неусогласеност од стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 „Општи барања за компетентност на лабораториите за тестирање и лабораториите за калибрирање“.

Ваквиот успех се должи на човечките и техничките ресурси со кои располагаат лабораториите за анализа на безбедноста и квалитет на храна, лабораториите за дијгностика на заразни болести и лабораториите за благостстојба за животни, се во состав на Факултетот.

Лабораториите на ФВМС се опремени со најсовремена опрема, со која ракува компетентен и стручен персонал, кој континуирано се обучува и согласно барањата на клиентите совесно и стручно ги исполнува своите обврски во тек на тестирањето на примероците, со што обезбеди висок квалитет во точноста на резултатите, докажан преку редовно сервисирање, верификација и калибрација на опремата и одлични резултати на тестовите на оспособеност.

Со тоа уште еднаш се докажа дека Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје е лидер во регионот со своите национални референтни лаборатории во афирмација на стручност, компетентност и оспособеност за исполнување на барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025.

Координатор за квалитет,
доц. д-р Ирена Целеска