Клиенти

Почитувани клиенти,

Ви благодариме на досегашната доверба и соработка. Во интерес на подобрување на услугите кон Вас, Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје (ФВМС) нa 25.06.2008 беше акредитиран од Инситутот за Акредитација на Р.М за: “Teстирање на прехранбени производи, пијалaци, вода и испитување на болести кај животните”, со акредитациски сертификат Бр.ЛТ-006, со што беше потврдено дека ФВМС ги исполнува барањата на стандардот „МКС EN ISO/IEC 17025:2006”.

Во склоп на функционирање на стандардот централно место заземаат Процедурата за задоволство на клиентите и Процедурата за решавање на жалбите од клиентите. Затоа, ја користиме оваа прилика да Ве информираме дека секој проблем од Ваша страна може писмено да го изразите со помош на Формуларот за жалба кој е објавен на нашата веб страна www.fvm.ukim.edu.mk.
Исто така, својата жалба може да ја поднесете и телефонски на нашите контакт лица:

Институт за храна
Проф. д-р Благица Сековска 02/3240779

Ветеринарен Институт
Мирослав Радевски, ДВМ 02/3240706

Институт за репродукција и биомедицина
Моника Довенска, ДВМ 02/3240729

Воедно, Ве молиме да одвоите време и да го пополните нашиот анкетен лист.Тие податоци ни се од голема важност за да ги подобриме услугите и контактите со Вас, како наши ценети клиенти.

Ви благодариме на довербата и соработката.

Координтор за квалитет
Доц. д-р Ирена Целеска

ДЕКАН
проф. д-р Лазо Пендовски