ФССФВМС

Факултетското студентско собрание на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФСС ФВМС) е тело на Факултетот во кое членуваат претставници на студентите. Претставниците во факултетското студентско обрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање. Право да избираат и да бидат избрани за членови на факултетското студентско собрание имаат сите студенти на Факултетот, кои се запишани на студии во учебната година во која се избира факултетското студентско собрание. Мандатот на членовите и на претседателот на факултетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор. Изборот на членовите и на претседателот на факултетското  студентско собрание се одржува секоја година во термин утврден со Статутот на Универзитетското студентско собрание.

Заради остварување на правата и заштита на интересите на студентите, факултетското студентско собрание ги избира и разрешува претставниците на студентите во органите на факултетот, во согласност со закон, со Статутот на Универзитетот и статутот на факултетот. Работата на факултетското студентско собрание се финансира со средства на факултетот во рамките на кој делува факултетското студентско собрание. Со факултетското студентско собрание претседава претседател кој се избира на непосредни и тајни избори. Претседателот на факултетското студентско собрание ги извршува одлуките на факултетското студентско собрание, ги застапува студентите и факултетското студентско собрание и е одговорен за неговата работа.

Изборите за членови и за претседател на ФСС ФВМС ги распишува деканот задолжително во рок од 30 дена пред нивното одржување. Во одлуката за распишување на избори деканот именува изборна комисија составена од студенти и наставници, односно соработници која ги спроведува изборите за членови на факултетското студентско собрание. Мнозинството на членови на изборната комисија ја сочинуваат студентите. Постапката за избор и бројот на членовите на ФСС ФВМС, како и органите на ФСС ФВМС и начинот на нивниот избор се уредуваат со Статутот на ФВМС во согласност со Статутот на Универзитетот. ФСС ФВМС исто така делува врз основа на свој статут, што го донесува по претходна согласност од Наставно-научниот совет на ФВМС.

ФСС ФВМС делегира свои претставници во Деканатската управа и во Наставно-научниот совет на ФВМС, преку кои студентите учестуваат во работата на органите и телата на Факултетот. Исто така избира заменик студентски правобранител, и делегира свои претставници во Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), кои, пак, учествуваат во работата на органите и телата на Универзитетот.

ФСС при ФВМС во 2022/2023 год. го сочинуваат:

Претседател

  • Тамара Танкоска

 Прва година

  • Искра Диванисова
  • Благој Ангеловски

  Втора година

  • Тијана Гичова
  • Матеј Александровски

  Трета година

  • Магдалена Гавриловска
  • Мери Ацевска

  Четврта година

  • Верица Поповска
  • Софија Спасова

  Петта година

  • Ивона Петровска
  • Благој Анакиев

  Шеста година

  • Дамјан Мицков

 

Претставници на ФСС ФВМС во Универзитетското студентско собрание се:

  • Благој Анакиев
  • Софија Спасова

Одлука за донесување на Статут на ФСС-ФВМС 18-536-2 (10.4.2020)

Статут на ФСС ФВМС

Зборник на трудови – ПРВА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГЛОБАЛНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ 2020 ГОД.