Студентска служба

Одделението за студентски прашања, со студенти работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Контакт телефонските броеви и e-mail адресите во Одделението за студентски прашања, се дадени во продолжение.

Марија Николиќ

Референт на студентски прашања
02 3 240 774
studentski@fvm.ukim.edu.mk
mnikolik@fvm.ukim.edu.mk

Календарот на активностите за учебната 2017/2018 година е даден во продолжение.

kalendartabela

Документи за упис на редовни студенти и индекси

Упис / Заверка на семестар

Уписот/ заверката на семестарот се врши согласно термините утврдени во календарот на активностите кој се објавува за секоја учебна година.
(Статут на УКИМ и Правилник на УКИМ)

Прв + втор интегриран циклус на студии

При запишувањето на зимскиот семестар во определените рокови студентот треба да уплати одреден износ.
Запишувањето на зимскиот семестар се врши со поднесување на Поплнет Образец за упис со уплатница ПП 50 со назнака “Надоместок за студирање за (?) семестар” на сметката на Факултетот за ветеринарна медицина каде се внесува:
Назив на примачот – ФВМ-С
Банка на Примач – НБРМ
Износ 100 еу или 200 еу ако е во државна или е со кофинансирање на студиите (во денарска противвредност на денот на уплатата) или 25 еу доколку преазапишува.

Трансакциска сметка    100000000063095
Сметка на буџетски корисник    1600104561 – 788 –15
Приходна шифра и програма    723012 – 41

Уплатница ПП 50 со назнака “За книжен фонд” на истата горенаведена сметка, со износ од 300 денари.

Потврда за уплатени 750 денари за информативни, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

образец: пп 50
цел на дознака: ИКСА на УКИМ (Факултет за ветеринарна медицина – носител на студиска програма)
назив на примачот: Универзитет Св. Кирил и Методиј
депонент (банка на примачот): НБРМ
износ: = 750,00
сметка: 100000000063095
сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
приходна шифра и програма: 723012 41

Уплатница ПП 50 за Административна такса од 50 денари за секој семестрален лист
Трансакциска сметка    100000000063095
Уплатна сметка    840 177 03161
Приходна шифра и програма    722313 00

Уплатница со цел на дознака Персонално осигурување (пп10)
Назив и седиште на примач ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ
Банка на примач Комерцијална банка – Скопје
Трансакциска сметка 300000000915910
Износ 200 денари

Заверка на зимскиот и упис на летниот семестар се врши со поднесување на:

  • Образец за заверување на семестар, со уплатница за административна такса
  • Образец за запишување на семестар, со уплатница за администаративна такса
  • Уплата “Надоместок за студирање за (?) семестар на сметка на ФВМ-С

Заверка на летниот семестар се врши со поднесување на:

  • Образец за заверување на семестар, со уплатница за административна такса
  • Пополнет индекс со сите собрани потписи

Пријавување на испити

Студентите испитите ги пријавуваат со пријава за испит и административна такса од 50 денари во службата за студентски прашања.

Подигање на документи

Сите видови на документи (реверс, уверенија, потврди) се подигаат на шалтер на студентски прашања, секој работен ден од 08:00-16:00 часот.

Дипломски труд

По исполнување на условите за дипломирање студентите се обраќаат кај продеканот за настава за закажување и одбрана на истиот, а во Службата за студентски прашања пополнуваат одредени обрасци, се средува студентското досие и се уплатува за:

  • Уверение за дипломирање
  • Диплома

Постапката за пријавување, подготовка и одбрана на дипломскиот труд на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје можете да ја видите тука.

Листа на дипломски наслови за учебната 2016/2017

Докторски труд од трет циклус на студии

Докторските студии од студиските програми Ветеринарна медицина и Безбедност на храна се одвиваат согласно Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Повеќе информации можат да се најдат на : Школата за докторски студии на УКИМ Скопје

Целосните програми за студирање на докторските студии на ФВМ-С можете да ги симнете преку следниве линкови:
Ветеринарна медицина Безбедност на храна

*За секое задоцнето запишување или заверување на семестарот се наплатува казна од 500 денари на сметката на Факултетот за ветеринарна медицина.