Библиотека

PFZ_0168
PFZ_0164
PFZ_0160
PFZ_0158
PFZ_0154
PFZ_0153
PFZ_0147

Библиотекар


Билјана Стефановска
Тел: 3240-775
Е-пошта: bstefanovska@fvm.ukim.edu.mk

Библиотеката на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје спаѓа во редот на академските, односно високошколските библиотеки. Постои од формирањето на Факултетот и располага со околу 50 м2, една читална со 20 места за корисниците како и 4 персонални компјутери.Фондот на книги изнесува околу 3000 примероци домашна и странска литература од областа на ветеринарната медицина, 16 наслови на странски сериски публикации од регионот и светот кои библиотеката ги добива месечно или квартално по пат на размена, 400 дипломски работи, посебни збирки од 32 магистерски трудови и 25 докторски дисертации, речници, практикуми и материјали од научни собири и конференции. Пристапот до фондот е слободен, а корисници на библиотеката се студентите, наставниците, стручните соработници, магистрантите и докторантите. Наставниот кадар на Факултетот има објавено 28 учебници, прирачници и практикуми за унапредување на наставата на студентите. Последните две години библиотеката за унапредување на научната и истражувачката работа како подарок има добиено 65 наслови, стручна литература, од проектот на Владата на Република Македонија, преведени странски стручни, научни книги и учебници од реномираните унивезитети во САД и Англија, од следниве области: анатомија, физиологија, хистологија, хемија, биологија, преработка на месо, претприемништво итн.

Библитеката на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го има имплементирано библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK, кој претставува библиотечен систем на Македонија врз единствена организациска и информатичка платформа.

Библиотеката овозможува пребарување на бази на податоци и пристап до над 18.000 списанија во full text и 30.000 индексирани списанија – EBSCO, SAGE со 1100 е-списанија и BIO ONE со 160 е-списанија.

Библиотеката работи секој работен ден од 8.00 – 16.00 часот.