Заменик студентски правобранител

Заради остварување на правата и заштита на интересите на студентите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје студентите бираат заменик студентски правобранител, кој го избира Факултетското студентско собрание на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФСС ФВМС) по претходно објавен конкурс, од редот на редовните студенти. Мандатот на заменикот студентски правобранител е 2 години, без можност за реизбор.  Постапка за разрешување на заменикот студентски правобранител можат да покренат членовите на ФСС ФВМС, студентскиот правобранител или 1/10 од вкупниот број студенти запишани во моментот на ФВМС. За разрешување на заменикот студентски правобранител одлучува ФСС ФВМС.

Заменик студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е прекршено право на студент од страна на органите на Факултетот или друг член на академската заедница на Факултетот. Органите на Факултетот се должни да постапат по укажувањата на заменикот студентски правобранител. За својата работа заменикот студентски правобранител поднесува годишен извештај до студентскиот правобранител и до Наставно-научниот совет на ФВМС. Надлежноста, условите за избор, постапката за избор и разрешување и работата на заменицикот студентски правобранител се утврдуваат со акти на Универзитетот, Факултетот и Студентското собрание.