Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од одржаните испити во јунската испитна сесија, при Катедрата за Биохемија и Биологија на клетка.
Резултатите можете да ги погледнете тука.
Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 09.07.2026 год. со почеток од 12 часот, во предавална 1 на Факултетот за ветеринарна медицина, ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов Епидемиологија на ехинококозата кај домашните преживари во Република Северна Македонија, изработена од кандидатот Љубица Рашиќ.
Соопштението за јавната одбрана можете да го погледнете тука.
Почитувани,
Соопштението за јавната одбрана на дипломскиот труд на кандидатот Верица Попоска, можете да го погледнете тука.
Почитувани студенти,
Во прилог ви го доставувме учебното помагало со наслов „Синхронизациски протоколи во млечното говедарство“, подготвено од проф. д-р Тони Довенски, проф. д-р Бранко Атанасов, проф. д-р Милан Малетиќ и науч. сор. д-р Љупчо Мицков.
Учебното помагало – Синхронизациски протоколи во млечното говедарство
Почитувани студенти,
Во продолжение ви ја доставуваме информацијата за доделување на стипендии од Фондацијата Атанас Близнакоф, за учебната 2026/2027 година.
Отворен повик за доделување на стипендии од Фондацијата Атанас Близнакоф 2026/2027
Почитувани студенти,
Во продолжение се термините за испит предметите Општа и Специјална патологија и Судско ветеринарство и ветеринарна етика во јунската испитна сесија:
- Општа патологија – 23.06.2026 год. во 10:00 часот
- Специјална патологија – 24.06.2026 год. во 10:00 часот и
- Судско ветеринарство и ветеринарна етика – 25.06.2026 год. во 10:00 часот.
Од Катедрата
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека дополнителните избори на членови на ФСС при ФВМС кои ќе се спроведат на 26.05.2026 год. (вторник) во Компјутерската училница во период од 09-12 часот.
Почитувани студенти,
Ве известувам дека втората испитна (јунска) сесија за учебната 2025/2026 година ќе се одвива во период од 01.06.-03.07.2026 година. Електронското пријавување на испити за втората испитна сесија (јуни-јули), ќе се спроведува во период од 18.05. (понеделник) до 26.06.2026 година (петок) преку електронскиот систем iKnow.
Соопштението можете да го погледнете тука.
Почитувани,
Согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус академски студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во прилог е докторскиот труд со наслов „Епидемиологија на ехинококозата кај домашните преживари во Република Северна Македонија“, изработен од докторандката Љубица Рашиќ.
Во продолжение можете да го погледнете докторскиот труд и Одлуката од Наставно-научниот совет за формирање на Комисија за одбрана.
Одлука за формирање на комисија за одбрана на докторскиот труд
