На 15 септември 2025 година (понеделник), со почеток во 12 часот во предавална 1 на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов Карактеризација, генетска типизација и антимикробна отпорност на Listeria monocytogenes од синџирот на исхрана на Косово (Characterization, Genetic Typing and Antimicrobial Resistance of Listeria monocytogenes from Food Chain of Kosovo), изработен од кандидатот Бесарт Јашари.
Почитувани колеги/шки,
Во прилог, Ви ги доставуваме резултатите од третото полагање на колоквиуми за академската 2024-25 година.
Со почит,
Од предметните наставници
Резултатите можете да ги погледнете тука.
Почитувани студенти,
Во прилог ви го доставуваме соопштението за термини за одржување на завршен испит по предметите Сточарство, Општо и Специјално сточарство, во зависнот од студиската програма.
Соопштението можете да го погледнете тука.
Од предметниот наставник
Почитувани колеги/шки,
Ве известуваме дека согласно официјалниот распоред за континуирани проверки и завршни испити за академската 2024-25 година, се закажуваат следните термини за завршен испит:
– Физиологија на животните (до академска 2023-24) – 17.9.25 во 09.00 часот, во предавална 2 (кандидатите да се јават во канцеларијата на проф. Владимир Петков на денот на полагањето).
– Физиологија на животните 1 (од академска 2024-25) – 9.9.25 во 9.00 часот, во предавална 2 (кандидатите да се јават во канцеларијата на проф. Владимир Петков на денот на полагањето).
– Физиологија на животните 2 (од академска 2024-25) – 17.9.25 во 09.00 часот, во предавална 2 (кандидатите да се јават во канцеларијата на проф. Владимир Петков на денот на полагањето).
Кандидатите за предметот Физиологија на животните (до академска 2023-24) мора да ги имаат положено испитите по Биологија на клетка, Биохемија, Анатомија на животните, Хистологија со ембриологија од I и II семестар. Кандидатите по предметот Физиологија на животните 1 мора да ги имаат положено испитите по Биологија на клетка, Анатомија на животните 1 и Хистологија со ембриологија 1. Кандидатите по предметот Физиологија на животните 2 мора да ги имаат положено испитите по Биохемија, Анатомија на животните 2, Хистологија со ембриологија 2 и Физиологија на животните 1.
Сите кандидати кои ќе полагаат во еден од предвидените термини, задолжително да се пријават на следниот линк https://forms.office.com/e/qtvXKG3wNb
Од Катедрата
Почитувани,
Во прилог се конечната ранг листа на примени кандидати на интегрирани студии од прв и втор циклус и соопштението за потребни документи за запишување на примените кандидати во првиот уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
Во рамките на докторската дисертација на асистент Ивана Шикоска, ДВМ, под менторство на проф. д-р Искра Цветковиќ од Катедрата за микробиологија и имунологија при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, изработен е прашалник наменет за сопствениците на домашни миленици.
Целта е да се добие подобар увид во знаењето, ставовите и практиките поврзани со употребата на антибиотици и проблемот со антимикробната резистенција. Добиените резултати ќе придонесат кон поцелосно разбирање на овој значаен проблем со кој се соочува ветеринарната медицина.
👉 Линк до прашалникот https://forms.gle/gCYQfZgdXRAGbfyj8
*Прикачен е и QR код.

Ви благодариме за одвоеното време и придонесот кон истражувањето.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека третата (августовска-септемвриска) испитна сесија во учебната 2024/2025 година ќе се одвива во период од 25 август до 30 септември, 2025 година, додека електронското пријавување на испити започнува од 19.08.2025 (вторник) и ќе трае до 26.09.2025 година (петок).
Повеќе информации за начинот на пријавување на испити (Корисничко упатство IKNOW за студенти).
