Почитувани,
Во прилог се конечната ранг листа на примени кандидати на интегрирани студии од прв и втор циклус и соопштението за потребни документи за запишување на примените кандидати во првиот уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
Во рамките на докторската дисертација на асистент Ивана Шикоска, ДВМ, под менторство на проф. д-р Искра Цветковиќ од Катедрата за микробиологија и имунологија при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, изработен е прашалник наменет за сопствениците на домашни миленици.
Целта е да се добие подобар увид во знаењето, ставовите и практиките поврзани со употребата на антибиотици и проблемот со антимикробната резистенција. Добиените резултати ќе придонесат кон поцелосно разбирање на овој значаен проблем со кој се соочува ветеринарната медицина.
👉 Линк до прашалникот https://forms.gle/gCYQfZgdXRAGbfyj8
*Прикачен е и QR код.

Ви благодариме за одвоеното време и придонесот кон истражувањето.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека третата (августовска-септемвриска) испитна сесија во учебната 2024/2025 година ќе се одвива во период од 25 август до 30 септември, 2025 година, додека електронското пријавување на испити започнува од 19.08.2025 (вторник) и ќе трае до 26.09.2025 година (петок).
Повеќе информации за начинот на пријавување на испити (Корисничко упатство IKNOW за студенти).
Почитувани студенти,
Во продолжение се термините за полагање практичен и завршен испит по предметите Биологија на клетка, Биохемија и Клиничка бихемија, во августовска-септемвриска испитна сесија:
Биологија на клетка
Практичен испит, 3.09.2025 (9.00 ч.)
Завршен испит, 9.09.2025 (9.00 ч.)
Биохемија
Практичен испит, 15.09.2025 (9.00 ч.)
Завршен испит, 19.09.2025 (9.00 ч.)
Клиничка биохемија
Практичен испит, 26.08.2025 (9.00 ч.)
Завршен испит, 01.09.2025 (9.00 ч.)
Студентите кои што ќе полагаат, покрај пријавувањето во електронскиот систем iKnow, треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 29 август 2025 год. да го потврдат своето присуство на електронска пошта на наставникот.
Од Катедрата
Почитувани студенти,
Во продолжение е распоредот за полагање испити по предметите Биологија на клетка, Биохемија и Клиничка биохемија во дополнителната испитна сесија.
Биологија на клетка
Практичен испит, 25.08.2025 (9.00 ч.)
Завршен испит, 26.08.2025 (9.00 ч.)
Биохемија
Практичен испит, 27.08.2025 (9.00 ч.)
Завршен испит, 28.08.2025 (9.00 ч.)
Клиничка биохемија
Практичен испит, 26.08.2025 (9.00 ч.)
Завршен испит, 28.08.2025 (9.00 ч.)
Студентите кои што ќе полагаат, покрај пријавувањето во електронскиот систем, треба најдоцна до 15 август 2025 год. да го потврдат своето присуство на електронска пошта на наставникот.
Од Катедрата
Почитувани студенти,
Во прилог ви го доставувам известувањето за термини за испит во дополнителната августовска испитна сесија, како и во редовната трета испитна сесија (Август/Септември) за учебната 2024/2025 година по предметот Хистологија со ембриологија 1 и 2 и Хистологија со ембриологија.
Соопштението можете да го погледнете тука.
Почитувани студенти,
Во продолжение се термините за полагање испити во дополнителната Августовска испитна сесија по предметите Патолошка морфологија и Судско ветеринарство и ветеринарна етика:
- Општа патологија – 13.08.2025 год. (среда)
- Специјална патологија – 14.08.2025 год. (четврток)
- Судско ветеринарство и ветеринарна етика – 15.08.2025 год. (петок)
Од Катедрата
Конкурсот и сите потребни документи за аплицирање за сместување во студентските домови, може да ги погледнете и преземете од интернет страницата на МОН на следниот линк.
Почитувани,
Во прилог е одобрената тема за изработка на специјалистички труд на кандидатот Даниел Велковски со наслов Високо перформансна хроматографија со DAD детекција за одредување на канабиноиди во комерцијално ветеринарно CBD масло.
Ивзадокот од Билтенот на Универзитетот на прифатената тема, можете да го погледнете тука.