На 15 септември 2025 година (понеделник), со почеток во 12 часот во предавална 1 на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов Карактеризација, генетска типизација и антимикробна отпорност на Listeria monocytogenes од синџирот на исхрана на Косово (Characterization, Genetic Typing and Antimicrobial Resistance of Listeria monocytogenes from Food Chain of Kosovo), изработен од кандидатот Бесарт Јашари.
Почитувани колеги/шки,
Во прилог, Ви ги доставуваме резултатите од третото полагање на колоквиуми за академската 2024-25 година.
Со почит,
Од предметните наставници
Резултатите можете да ги погледнете тука.
Почитувани студенти,
Во прилог ви го доставуваме соопштението за термини за одржување на завршен испит по предметите Сточарство, Општо и Специјално сточарство, во зависнот од студиската програма.
Соопштението можете да го погледнете тука.
Од предметниот наставник
Почитувани колеги/шки,
Ве известуваме дека согласно официјалниот распоред за континуирани проверки и завршни испити за академската 2024-25 година, се закажуваат следните термини за завршен испит:
– Физиологија на животните (до академска 2023-24) – 17.9.25 во 09.00 часот, во предавална 2 (кандидатите да се јават во канцеларијата на проф. Владимир Петков на денот на полагањето).
– Физиологија на животните 1 (од академска 2024-25) – 9.9.25 во 9.00 часот, во предавална 2 (кандидатите да се јават во канцеларијата на проф. Владимир Петков на денот на полагањето).
– Физиологија на животните 2 (од академска 2024-25) – 17.9.25 во 09.00 часот, во предавална 2 (кандидатите да се јават во канцеларијата на проф. Владимир Петков на денот на полагањето).
Кандидатите за предметот Физиологија на животните (до академска 2023-24) мора да ги имаат положено испитите по Биологија на клетка, Биохемија, Анатомија на животните, Хистологија со ембриологија од I и II семестар. Кандидатите по предметот Физиологија на животните 1 мора да ги имаат положено испитите по Биологија на клетка, Анатомија на животните 1 и Хистологија со ембриологија 1. Кандидатите по предметот Физиологија на животните 2 мора да ги имаат положено испитите по Биохемија, Анатомија на животните 2, Хистологија со ембриологија 2 и Физиологија на животните 1.
Сите кандидати кои ќе полагаат во еден од предвидените термини, задолжително да се пријават на следниот линк https://forms.office.com/e/qtvXKG3wNb
Од Катедрата
