Архива на Известувања

Почитувани,

Во прилог е прелиминарната ранг листа за кандидати на трет циклус студии на студиската програма Безбедност на храна на ФВМС, за втор уписен рок.

Прелиминарната ранг листа може да ја погледнете тука.

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од првата континуирана проверка по предметот Репродукција одржан на 20.12.2023 година.

Резултатите може да ги погледнете тука.

Ве известуваме дека по повод смртта на проф. д-р Јосиф Тосевски, редовен професор при
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во пензија, Факултетот ќе одржи Комеморативна
седница во Амфитеатар 1 при Факултетот за Ветеринарна медицина – Скопје на 22ри Декември
(петок) 2023 година, со почеток во 11:00 часот.

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека првата испитна сесија во учебната 2023/2024 година ќе се одвива во период од 16 јануари до 14 февруари, 2024 година, додека електронското пријавување на испити започнува од 25.12.2023 година.

Повеќе информации за начинот на пријавување на испити (Корисничко упатство IKNOW за студенти) и соопштението можете да најдете тука.

Драги студенти,

Ве покануваме на серијата работилници наменети за ваш кариерен разој кои ги организираме во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за кариера на УКИМ.

Линк за пријавување
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf5r5fyT3kTrvTOJykFyamM-naeKaBLrFVWs9kHzoFvr6WnSA/viewform

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание ќе се одржат на 11.12.2023 (понеделник),  во Компјутерската училница на ФВМС, со тајно гласање во период од 10 до 14 часот.

Во прилог е одлуката за распишување на избор на членови и претседател на ФСС.

https://fvm.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2023/11/Одлука-за-распишување-избори-за-членови-и-претседател-на-ФСС_000034.pdf

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 14.11.2023 год. (вторник) со почеток во 12:00 часот, во предавална 1 на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе се одржи свечена промоција на дипломираните студенти.

Повеќе информации во врска со настанот, може да погледнете тука.