Додипломските студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје се дефинирани како интегрирани петиполгодишни студии по ветеринарна медицина од прв и втор циклус на студии.
Целта на додипломските студии по ветеринарна медицина е формирање на високообразвната квалификација на “доктор по ветеринарна медицина”, која покрај грижата за здравјето на животните, има значителна улога и во јавното здравство и тоа преку обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално и растително потекло.
Наставниот план се дизајниран во насока која овозможува после завршување на академските студии на ФВМС, дипломираниот доктор по ветеринарна медицина да се здобие со компетенции за: лекување на животните; решавање на проблематиката на ветеринарното јавно здравство; учество во заштита на човековата околина; изведување на теренска, клиничка и лабораториска дијагностика; превентивно сузбивање на заразните болести и зоонозите; проектирање и учествување во изработка на програми за развивање и унапредување на дејноста на сточарското производство и производството на прозиводи од животинско потекло и животински прозиводи и развивање на сите облици на заштита на животите и животната средина, негување на етиката и хуманиот однос кон животните.
Информациите за начинот на студирање, за обемот и организацијата на студиските програми како и за наставните содржини за студиите од интегрираниот цилкус – Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје можете да ги погледнете во следните докумети:
![]() |
![]() |
РЕШЕНИЕ за почеток со работа на студиската програма од прв и втор циклус на интегрирани студии по Ветеринарна медицина на англиски јазик на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје РЕШЕНИЕ за акредитација на студиската програма Ветеринарна медицина прв и втор циклус интегрирани студии на англиски јазик на Факултет за ветеринарна медицина при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје

