Алумни

АЛУМНИ мрежа на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје,
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје
(АЛУМНИ ФВМ, УКИМ, Македонија)
Почитувани,

Добродојдовте на страната на АЛУМНИ ФВМ – Скопје, УКИМ Македонија – мрежа во која можат да се регистрираат и зачленат сите оние кои дипломирале, магистрирале или докторирале на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Мисија

АЛУМНИ ФВМ – Скопје да прерасне во Алумни асоцијација која ќе ги поврзе сите генерации студенти на Факултетот за ветеринарна медицина воСкопје со цел остварување на заедничка континуирана соработка која ќе почива на цврсти темели и ќе придонесе за развој како на членовите на АЛУМНИ ФВМ, така и на самиот Факултет и заедницата во целост.

Визија

АЛУМНИ ФВМ развива силно чувство на припадност кон матичниот Факултет кај сегашните студенти а воедно развива и силно чувство на идентификација со Факултетот кај своите поранешни студенти.

Цел
  • Да се поврзат сите поранешни студенти во АЛУМНИ ФВМ мрежата;
  • Да се креира база која ќе ги содржи податоците на сите регистрирани во АЛУМНИ ФВМ, истите да ги направи достапни за сите алумни со цел да се овозможи нивно вмрежување за реализација на развојни цели во иднина;
  • Да се гради и јакне врската меѓу студентите, алумните, кадарот на Факултетот и заедницата;
  • Да се чува и негува традицијата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, да се јакне неговиот углед и да се промовираат неговите интереси и заложби;
  • Да се развие и продлабочи соработката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје со компаниите и институциите во кои работат негови поранешни студенти;
Членство

Регистрирањето во системот на АЛУМНИ ФВМ е доброволно, бесплатно и може да се направи on-line.

АЛУМНИ ФВМ е во надлежност за Центарот за кариера на Факултет за ветеринарна медицина во Скопје.

Контакт

Проф. д-р Лазо Пендовски

Раководител на Центарот за кариера

Тел: ++389 02 3240 728

е-mail: lpendovski@ukim.edu.mk

Уверени сме дека АЛУМНИ ФВМ ќе предизвика интерес и ќе наиде на голем одзив кај нашите поранешни студенти, единствените кои ќе ја имаат привилегијата и честа да бидат регистрирани во системот на АЛУМНИ ФВМ.

Ве покануваме да се регистрирате, да ја споделите информацијата за АЛУМНИ ФВМ со Вашите контакти и да ни помогнете со заеднички сили да делуваме во насока на промовирање на веќе докажаното реноме на Факултетот за ветеринарна медицина во

Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

• Доктор на науки по ветеринарна медицина (ЕКТС)

• Доктор на науки по безбедност на храна (ЕКТС)