Наставно-научен совет

Наставно-научниот совет на факултетот е стручен орган. Членови на наставно-научниот совет се: редовните и вонредните професори и доцентите, како и претставници кои ги избираат студентите.
Наставно-научниот совет ги донесува актите за внатрешната организација и работа на факултетот, ги донесува програмата за научноистражувачка работа, ја спроведува постапката и врши избор во наставно-научни звања, соработнички звања, звањето асистент – докторант, како и врши избор во научни и насловни звања.
Наставно-научниот совет на факултетот исто така:

  • предлага број на студенти кои се запишуваат на прв, втор и трет циклус на студии;
  • на деканатската управа и предлага мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти;
  • на деканатската управа и предлага мерки и одлучува за унапредување на наставната, научноистражувачката и применувачката, односно апликативната работа и за компјутерската мрежа;
  • избира и разрешува секретар на факултетот;
  • ги избира членовите на комисијата за самоевалуација и донесува упатство за евалуација на факултетот;
  • одлучува за библиотеката, за библиотечно-информацискиот систем и за остварувањето на библиотечно-информациската и документационата дејност, во согласност со Статутот на Универзитетот;
  • одлучува за организирање на собири, симпозиуми, советувања и сл;
  • одлучува за остварувањето на меѓународната соработка согласно со Закон и Статутот на Универзитетот,
  • избира членови на рецензентски комисии;
  • одлучува за внатрешните организациони единици на Факултетот;
  • донесува план за реализација на наставата;
  • одлучува за прифаќање на извештајот за работата на деканот;
  • дава согласност за вршење дејност на друга единица на Универзитетот;
  • дава предлог за вршење дејност на друга единица на Универзитетот;
  • избира свои претставници во Одборот за соработка и доверба со јавноста;
  • предлага воведување на партиципација на трошоците за студирање;
  • донесува одлука за потреба од наставник и распишува конкурс;
  • ја разгледува иницијативата за предвремен престанок на изборот во звање;
  • формира комисија за изготвување реферат за предвремено престанување на изборот во звање;
  • избира членови на дисциплинската комисија за оговорност на студентите;
  • обезбедува замена на наставниците и соработниците кои користат платено, односно неплатено отсуство;
  • поканува визитинг професори за извршување високообразовна и научноистражувачка дејност за одредено време;
  • донесува одлука за отпочнување на постапката за избор на декан;
  • формира изборна комисија за спроведување на постапката за избор на декан;
  • донесува програма за стручно и професионално усовршување и за различни облици на неформално учење;
  • ја спроведува постапката за избор на редовни професори;
  • донесува правила за студирање;
  • склучува договори за соработка со странски универзитети согласно Законот за високото образование;
  • одлучува за склучување на договори за двојна диплома (double degree) или заедничка студиска програма (joint degree) согласно Законот за високото образование;
  • организира различни облици на неформално учење согласно Законот за високото образование;
  • донесува програма за вклучување на визитинг професори од странство согласно Законот за високото образование;
  • врши и други работи утврдени со закон, Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со овој Правилник и со другите акти на Универзитетот и на факултетот.

Членови на Наставно-научниот совет на Факултетот се:

  • Проф. д-р Лазо Пендовски (Декан)
  • Проф. д-р Владимир Петков
  • Проф. д-р Велимир Стојковски
  • Проф. д-р Дине Митров
  • Проф. д-р Влатко Илиески
  • Проф. д-р Мишо Христовски
  • Проф. д-р Тони Довенски
  • Проф. д-р Пламен Тројачанец
  • Проф. д-р Ромел Велев
  • Проф. д-р Игор Улчар
  • Проф. д-р Зехра Хајрулаи – Муслиу
  • Проф. д-р Благица Сековска
  • Проф. д-р Славчо Мреношки
  • Проф. д-р Павле Секуловски
  • Проф. д-р Горан Николовски
  • Проф. д-р Јована Стефановска
  • Проф. д-р Флорина Поповска-Перчиниќ
  • Проф. д-р Деан Јанкулоски
  • Проф. д-р Александар Додовски
  • Проф. д-р Ирена Целеска
  • Доц. д-р Бранко Атанасов
  • Доц. д-р Игор Џаџовски
  • Доц. д-р Никола Адамов
  • Доц. д-р Искра Цветковиќ
  • Доц. д-р Кирил Крстевски
  • Доц. д-р Ксенија Илиевска
  • Доц. д-р Сандра Мојсова
  • Доц. д-р Елена Атанаскова Петров
  • Јане Влахов – студент
  • Ивана Арсовска – студент