Политика за квалитет

Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје (ФВМ-С) се стреми да биде водечка организација во областа на ветеринарната медицина во Р.С. Македонија. Таа цел ќе ја реализира преку континуирано одржување и унапредување на научно-истражувачката работа, одржување на статус на референтна лабораторија во различни области, стандардизација и воведување на нови методи на испитување, добра клиничка и лабораториска пракса и дисеминација на знаењето и постигнатите резултати преку најразлични образовни процеси.

Политиката за квалитет ќе биде реализирана преку следниве начела:

  • Професионален пристап во работењето и почитување на етичкиот кодекс
  • Постојана комуникација и одржување на партнерски однос со корисниците на услуги што ќе доведе до исполнување на нивните барања во целост, а во согласност со законските регулативи, стандардите и добрата лабораториска пракса.
  • Континуирано подобрување на методите за тестирање со користење и развој на нови методи и технологии и учество во споредбени тестирања, а со цел да се осигура веродостојноста и точноста на резултатите и да се прошири опсегот на акредитација.
  • Користење на опрема и потрошниот материјал со дефиниран квалитет и рационално користење на ресурсите.
  • Одржување на високо ниво на доверливост спрема добиените информации и резултатите на клиентите, како и одржување на принципот на непристрасност и независност во работењето.
  • Подобрување на компетентноста на вработените преку континуирани обуки во институцијата и други реномирани релевантни институции во земјава и странство. Тимска работа, споделување на стекнатото знаење и можност за афирмација на секој вработен.
  • Одржување на определеноста за квалитет на сите нивоа на ФВМС.

Оваа политика за квалитет ФВМС ќе ја реализира преку воспоставен систем за квалитет, а согласно барањата на стандардот MКС ISO/IEC 17025: 2018.

За спроведување на оваа политика одговорни се сите вработени на ФВМС.