ERASMUS

Програмата ERASMUS+ (European Region Action Scheme for the Mobility of University Students), е програма на Европската Унија за образование, доживотна едукација и млади која, со мали прекини е активна во нашата земја од 2008 година. Таа овозможува мобилност на студенти (додипломци, постдипломци-мастер и докторанди) и наставен кадар во институции во Европа со кои Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  има потпишано договор за соработка. Целта на оваа програма е засилување на вештините и можностите за вработување, како и модернизирање на образованието, зајакнување на соработката меѓу различните образовни системи, со цел подобрување на националните системи за образование, обуки и младина.

За потребите на мобилност во рамките на програмата ERASMUS+, факултетот за ветеринарна медицина во Скопје досега има склучено 11 билатерални договори со различни факултети, односно универзитети од Европа, чие важење е до академската 2020/2021 година, кога е предвидено и згаснување на оваа програма. Тие факултети, односно универзитети се:

1. Ветеринарен факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија
2. Ветеринарен факултет при Универзитетот во Загреб, Хрватска
3. Универзитет за ветеринарна медицина и фармација во Кошице, Словачка
4. Факултет за ветеринарна медицина при Тракискиот универзитет во Стара
Загора, Бугарија
5. Универзитет „Константин Филозоф“ во Нитра, Словачка
6. Универзитет за ветеринарни науки во Будимпешта, Унгарија
7. Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот во Истанбул, Турција
8. Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот во Терамо, Италија
9. Институт за ветеринарна медицина и сточарство при Естонскиот универзитет
за природни науки во Тарту, Естонија
10. Факултет за ветеринарна медицина при Варшавскиот универзитет за
природни науки во Варшава, Полска
11. Оддел за ветеринарна медицина при Универзитетот во Парма, Италија
12. Факултет за ветеринарна медицина во Вроцлав при Универзитетот за
природни науки во Вроцлав, Полска

Конкурси и документи за апликација на студенти и наставен кадар на ФВМС

ERASMUS+ Програмски водич

Линкови за дополнителни информации во врска со ЕРАЗМУС+ програмата:

ERASМUS+ Координатор: Проф. д-р Флорина П. Перчиниќ
Тел : ++389 02 3240 710
E-пошта: florinap@fvm.ukim.edu.mk

Студентски ERASМUS+ Координатор: студент Сандра Ташковска
E-пошта: sandratashkovska@yahoo.com