Информации од јавен карактер

ИЗВЕШТАИ ЗА РАБОТАТА НА ФВМ-С


Врз основа на член 56 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – пречистен текст (Универзитетски гласник бр. 269 од 18.11.2013 год.), а во врска со член 9 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер (Сл. весник на РМ бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014. 148/2015, 55/2016), Деканатската управа на Факултетот на седницата одржана на 1.3.2017 год., донесе: ОДЛУКА за утврдување листа на информации од јавен карактер.

Врз основа на член 79 од Статутот на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје (Универзитетски гласник бр. 460 од 18.10.2019 год.), а во врска со член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РСМ бр. 101/2019), Деканатската управа на Факултетот на седницата одржана на 31.1.2020 год. донесе: ОДЛУКА за назначување службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Службено лице за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер:

Согласно со член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РСМ бр. 101/2019), на Факултет за ветеринарна медицина во Скопје, Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје, 02 3240 700, contact@fvm.ukim.edu.mk, од страна на службеното лице е  подготвен ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ:


БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.

Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.