Факултетот за ветеринарна медицина одликуван со медал за сеќавање и благодарница за успешна соработка

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје е одликуван со медал за сеќавање и благодарница за успешна соработкана 100 годишнот јубилеј од основањето на Ветеринарниот факултет при Универзитетот во Загреб. Наградата на свечената академија ја прими деканот на ФВМС проф. д-р Лазо Пендовски, кој од името на вработените му честита на проф. д-р Ненад Турк, декан на Ветеринарниот факултет во Загреб и на наговиот тим за постигнатите успеси на оваа престижна високообразовна институција, лидер во ветеринарната медицина во регионот и пошироко во југоисточна Европа.