Известување за студентите на ФВМС во врска со кандидирање за претседател на Факултетското студентско собрание при ФВМС

Се известуваат студентите на ФВМС кои сакаат да се кандидираат за претседател на Факултетското студентско собрание при ФВМС дека рокот за пријавување е 20.11.2019 година. За претседател може да се кандидира редовен студент кој запишал зимски семестар во учебната 2019/2020 година и ги положил сите испити заклучно со трет семестар. Кандидатите треба да поднесат Пријава за кандидатура која можат да ја подигнат во службата за студентски прашања, и во која треба да соберат најмалку 20 потписи од студенти како поддршка. Пополнетата пријава со 20-те потписи се заверува во архивата на ФВМС и се доставува до службата за студентски прашања.