Соопштение за студентите од I година

Почитувани студенти,

З. У. Поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје им соопштува на редовните и вонредните студенти од ПРВА ГОДИНА на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, да се јават на задолжителниот систематски преглед.

Прегледите ќе се извршуваат во Поликлиниката на Универзитетот, која е сместена во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ од 26.11.2018 до 07.12.2018 година, во период од 07:30 до 12:00 часот.

Потребни документи:

  1. Индекс
  2. Заверена здравствена легитимација
  3. Копија од Здрав. Легит. од 2 до 5 страна

Напомена: Согласно одлуката на советот од Универзитетот, на ниту еден студент нема да биде заверен зимскиот семестар, додека Поликлиниката не го потврди индексот на студентот.

Целото соопштение можете да го видите тука.