Одржан семинар за употребата на синбиотици, хелатни материјали, закиселувачи и бетаин во исхраната на свињите и живината, како и за примената на биосигурносни мерки на фармите

На 16.04.2019 година во организација на компанијата Гринагро се одржа семинар во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во оваа пригода претставуван од проф. д-р Драгослав Коцевски. На семинарот се диксутираше за употребата на синбиотици, хелатни материјали, закиселувачи и бетаин во исхраната на свињите и живината, како и за примената на биосигурносни мерки на фармите. Претставници од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Ристо Проданов, проф. д-р Александар Додовски и научен соработник д-р Бранко Анѓеловски учествуваа како панел дискутанти каде што имаа свои излагања за контрола на црвената вошка во живинарските фарми и актуелната епидемиолошка ситуација со африканската свинска чума. Покрај тоа, одговараа на прашања и даваа практични совети на аудиториумот во кој најголем дел беа претставници од живинарски и свињарски фарми. Семинарот претставуваше добар пример за соработка меѓу академијата и стопанството што е и една од целите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.