Пријавување за упис на кандидати на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје – Трет уписен рок 2021/2022

При пријавувањето за запишување на кандидатите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кандидатите ги поднесуваат следните документи во следните рокови.

Пријавувањето на кандидатите во третиот уписен рок е на 28.09.2021 година година од 09-14 ч.

Пријавувањето со документи ќе се врши електорнски на следнава адреса upisi-fvm@ukim.edu.mk, со прикачување на документите во полето  Subject , но претходно кандидатите треба  да се електронски пријавени во IKNOW системот со целосно поплнети податоци што им се бараат на линкот даден подолу

https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=%2f

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

 Информациите се истакнати  и на страницата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=186&glavno=40 и на страницата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

http://fvm.ukim.edu.mk/

Потребни документи за пријавување се:

-пријава за запишување ( образец А1,се купува во книжара )

  • електронска пријава (испечатена од IKNOW системот интерен и пријавен лист )
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матичната книга на родените оригинал
  • доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение ) оригинал
  • потврда за уплата на 300 денари на жиро – сметката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот)

Примач: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје

Банка: НБРСМ

Трезорска сметка: 1.000.000.000.63095

 износ: 300,00 денари

 Сметка на буџетски корисник единка: 1600104561  788   15

 приходна шифра и програма: 723012   41

 Цел на дознака: за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеења

Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот: Трезорска сметка- Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ- 03161;Конто 722313 00)

 –  лична карта или пасош ( документ за идентификација на кандидатот)

Доколку кандидатот не се запишува лично, лицето кое ќе го запишува треба да донесе полномошно заверено на нотар.

Припадниците на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, лицата утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (Сл. весник на РМ бр. 2/02, 17/03, 30/04 и 66/07), како и со Законот за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективна одбрана надвор од територијата на Република Македонија и на членовите на нивните семејства (Сл. весник на РМ бр. 67 од 29.5.2009 година), во учебната 2021/22, ќе се запишуваат надвор од државната квота без поднесување трошоци за студирање, под услови за запишување утврдени во овој Конкурс, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од вкупниот број студенти на ниво на студиска програма. Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.

 Високообразовната установа нема да наплатува партиципација за:

 – деца без родители, помлади од 26-годишна возраст, доколку се невработени;

 – лица со инвалидност, согласно уредбата која ја донесува Владата;

 – воени инвалиди и

 – лица растени во домови за напуштени деца, доколку се невработени

 -други лица утврдени со уредбата на Владата донесена по предлог на Националниот совет.

 Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 10% од вкупниот број редовни студенти на соодветниот факултет утврден во Конкурсот. Средствата за партиципација на овие лица ќе се покриваат од Буџетот на Република Северна Македонија

Запишувањето на примените кандидати за третиот рок  е на 30.09.2021 година од 09 -14 часот.