Се известуваат студентите на ФВМС кои сакаат да се кандидираат за претседател на Факултетското студентско собрание при ФВМС дека рокот за пријавување е 24.12.2020 година. За претседател може да се кандидира редовен студент кој запишал зимски семестар во учебната 2020/2021 година и ги положил сите испити заклучно со трет семестар. Кандидатите треба да поднесат Пријава за кандидатура која можат да ја подигнат од веб страната на Факултетот, и во која треба да соберат најмалку 20 потписи од студенти како поддршка. Пополнетата пријава со 20-те потписи се заверува во архивата на ФВМС и се доставува до службата за студентски прашања.
Претседател на изборна комисија,
проф. д-р Игор Улчар
Пријавата може да се превземе тука.