Архива на Известувања

Почитувани студенти,

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Огласот може да го погледнете тука.

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од завршниот испит по предметите Општо и Специјално Сточарство, со вкупно освоените бодови.

Резултатите можете да ги погледнете тука.

Од Катедрата

Почитувани студенти,

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, распишува оглас за избор на демонстратори за учебната 2025/2026 година.

Сите заинтересирани кандидати, треба да ги исполнат следните критериуми:

  • да се студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и имаат остварено најмалку 180 ЕКТС кредити и просечна оцена од најмалку 8,00 (осум) или да се студенти на трет циклус на студии на една од студиските програми на Факултетот за ветеринарна медицина  во Скопје;
  • студентите да го имаат положено предметот на кој конкурираат;
  • во својата пријава, студентите може да наведат најмногу до два предмети за кои се пријавуваат, согласно објавената листа.

Пријавата со потребните документи се поднесува во архивата на факултетот најдоцна во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот, заклучно до 30 септември 2025 година.

Огласот може да го погледнете тука.

Dear students,

Please find attached the information regarding all the necessary documents required for the validation and registration of the 3rd (winter) semester for the academic year 2025/2026.

Documents required for the validation and registration of the winter semester for academic 2025/2026

Почитивани студенти,

Ве известуваме дека уписот на зимскиот семестар за учебната 2025/2026 година, ќе се одвива во период од 22-30.09.2025 година.

Во прилог се соопштенијата за запишување на зимски семестар со потребни документи, согласно студиските години, како и информацијата за електронското запишување на семестарот.

Соопштение за запишување на зимски семестар во учебната 2025/2026 година согласно студиската програма 2018/2019 (важи за студентите кои запшишуваат VII, IX и XI семестар)

Соопштение, потребни документи и начин на електронско запишување за студентите од III и V семестар 2025/2026 година согласно студиската програма 2023/2024

Потребни документи за студенти со презапишување на предмети

Известување за правилно пополнет индекс I семестар – 1 година

Известување за правилно пополнет индекс III семестар – 2 година

Известување за правилно пополнет индекс V семестар – 3 година

Известување за правилно пополнет индекс VII семестар – 4 година

Известување за правилно пополнет индекс IX семестар – 5 година

Известување за правилно пополнет индекс XI семестар – 6 година

Почитувани,

Во прилог се резултатите од успехот од средно образование на пријавените кандидати во вториот уписен рок за учебната 2025/2026 година.

Прелиминарна ранг листа – втор уписен рок

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека е распишан Конкурс за студентска мобилност за студирање и студентска мобилност за пракса/стажирање за летниот семестар во академската 2025-2026 во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата.  

Краен рок за аплицирање е: 3 октомври 2025 г. (мобилности за студирање) и 21 ноември 2025 година (мобилности за пракса/стажирање). 

Подетални информации за конкурсот може да најдете тука.

Еразмус+ координатор за Факултет за ветеринарна медицина – проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ (florinap@fvm.ukim.edu.mk)