Почитувани,
Објавена е конечната ранг-листа од вториот уписен рок за учебната 2020/21 на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.
Листата можете да ја превземете тука.
Документи и уплати потребни при запишување на студентите во прва година на ФВМ – Скопје во академската 2020/2021 година
Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 25.09.2020 година од 9-14 ч.
За запишување на Факултетот потребно е примените кандидати да ги достават следните документи:
-пријава за запишување ( образец А1,се купува во книжара )
- електронска пријава и сите изјави (испечатени од IKNOW системот )
- оригинални свидетелства од сите класови
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- извод од матичната книга на родените
- доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение )
- потврда за уплата на 300 денари на жиро – сметката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот)
Примач: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје
Банка: НБРСМ
Трезорска сметка: 1.000.000.000.63095
износ: 300 денари
Сметка на буџетски корисник единка: 1600104561 788 15
приходна шифра и програма: 723012 41
Цел на дознака: за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеења 12
Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот: Трезорска сметка- Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 1.000.000.000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ- 03161; Конто 722313 00)
– лична карта или пасош ( документ за идентификација на кандидатот)
1. Индекс и Студентска легитимација (се купуваат во книжара)
2. Формулар за упис на семестар и Статистички лист (се купува во книжара)
3. Три фотографии ( две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензија 2*3)
4. Уплатница со цел на дознака ИКСА на УКИМ при ФВМС–Скопје (пп50) (информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје)
Назив на примач Буџет на РСМ – УКИМ – Скопје
Банка на примач НБРСМ
Сметка 100000000063095
Износ 750 денари
Сметка на буџетски корисник единка 1600103689 788 18
Приходна шифра и програма 723012 41
5. Уплатница со цел на дознака Надоместок за студирање за прв семестар (пп50)
Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ
Назив на примач – Факултет за ветеринарна медицина – Скопје
Банка на примач – НБРСМ
Сметка 100000000063095
Износ 100 Евра во денарска противвредност на денот кога се уплатува
Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15
Приходна шифра и програма 723012 41
Напомена: Во цел на дознака задолжително да се наведе за кој семестар се уплатува, во спротивно ќе се враќааат уплатниците.
6. Уплатница со цел на дознака Книжен фонд (пп50)
Назив на примач Факултет за ветеринарна медицина – Скопје
Банка на примач – НБРСМ
Сметка 100000000063095
Износ 300 денари
Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15
Приходна шифра и програма 723012 41
7. Уплатница со цел на дознака Персонално осигурување (пп10)
Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ
Назив и седиште на примач ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ
Банка на примач- Комерцијална банка – Скопје
Трансакциска сметка 300000000915910
Износ 200 денари
Кандидатите кои нема да носат комплетна документација и уплатници ќе бидат вратени.
Кандидатите се запишуваат лично на Факултетот со лична карта. Доколку сакаат тоа да го стори некој друг наместо нив, ќе треба да му дадат полномоштво заверено на нотар.
На првите 10 кандидати на конечната ранг листа, УКИМ им доделаува стипендии за I и II семестар ( надоместок за студирање ). Првите 10 кандидати не го плаќаат надоместокот за студирање (100 еур) во прв и втор семестар.