Хуманитарната акција “Подај рака – стопли срце”

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека хуманитарната акција “Подај рака – стопли срце” продолжува до 29.10.2018 (понеделник)!  Хуманитарната акција е со цел собирање на зимска облека и обувки за оние на кои им е најпотребно! Покрај тоа, добредојдени би биле и стари ќебиња кои ќе им помогнат на нашите четириножни бездомни пријатели полесно да ги поднесат ниските темератури. Сите вие кои сакате да помогнете, секој ден од 15.10-29.10.18, oд 10-12ч. може да донирате во Студентската канцеларија во просториите на Факултет за Ветеринарна медицина – Скопје. Да бидеме хумани!