Архива на Известувања

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ФВМС, ќе се одржат на 15.12.2025 (понеделник),  во Компјутерската училница со тајно гласање во период од 09 до 14 часот.

Одлуката за распишување на избор на членови и претседател на ФСС можете да ја погледнете тука.

Пријава за кандидатура за претседател на ФСС при ФВМС

Пријава за член на ФСС при ФВМС

Упатство за работа на изборната комисија

Почитувани студенти,

Резултатите од одржаната континуирана проверка по предметот Општа хирургија со анестезиологија, можете да ги погледнете тука.

Од Катедрата

Почитувани,

Факултетот за ветеринарна медицина распишува интерен оглас за избор на стручни соработници – помошници во наставниот процес.

Пријавата со потребните документи се поднесуваат во Архивата на факултетот најдоцната до 5 работни дена од денот на објавување на огласот.

Огласото можете да го погледнете тука.

Почитувани дипломци,

Ве известуваме дека на 14.11.2025 год. (петок) со почеток во 13:00 часот, во предавална 1 на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе се одржи свечена промоција на дипломираните студенти.

Повеќе информации во врска со настанот можете да погледнете тука.

Со почит,
Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Почитувани студенти,

Во продолжение се термините за испит предметите Патолошка морфологија и Судско ветеринарство и ветеринарна етика во октомвриската (дополнителна) испитна сесија:

  1. Општа патологија – 20.10.2025 во 08:00 часот
  2. Специјална патологија – 20.10.2025 во 09:00 часот и
  3. Судско ветеринарство и ветеринарна етика – 20.10.2025 во 11:00 часот.

Од Катедрата

Cell Biology

Practical exam, 22.10.2026 (9.00 a.m.)

Final exam, 27.10.2026 (8.00 a.m.)

Biochemistry

Practical exam, 28.10.2026 (10.00 a.m.)

Final exam, 29.10.2026 (10.00 a.m.)

Clinical Biochemistry

Practical exam, 22.10.2026 (9.00 a.m.)

Final exam, 27.10.2026 (8.00 a.m.)

In addition to registering in the electronic system and submitting the application, students who intend to take the exam must confirm their attendance by emailing the professor no later than October 17, 2026.

Почитувани студенти,

Во продолжение се термините за полагање на испити во дополнителната испитна сесија по предметите: Биологија на клетка, Биохемија и Клиничка биохемија.

Биологија на клетка

Практичен испит, 22.10.2026 (9.00 ч.)

Завршен испит,  27.10.2026 (8.00 ч.)

Биохемија

Практичен испит,  28.10.2026 (10.00 ч.)

Завршен испит, 29.10.2026 (10.00 ч.)

Клиничка биохемија

Практичен испит, 22.10.2026 (9.00 ч.)

Завршен испит, 27.10.2026 (8.00 ч.)

Студентите кои што ќе полагаат, покрај пријавувањето (во електронскиот систем и пријава), треба задолжително најдоцна до 17 октомври 2026 год. да го потврдат своето присуство на електронска пошта на наставникот.

Од Катедрата

Почитувани,

Ве известуваме дека на 13.10.2025 година (понеделник), со почеток од 10 часот во рамките на предметот Менаџмент на здравје на стадо во договор со координаторите на предметот проф. д-р Тони Довенски и проф. д-р Бранко Атанасов, ќе се одржи предавање на тема ,,Менаџмент на здравје на млечната жлезда’’.

Предавањето ќе се одржи од страна на проф. д-р Киро Петровски при Универзитетот во Аделаида, Австралија.

Кратката биографија можете да ја погледнете тука.

Го очекуваме Вашето присуство!

Почитувани студенти,

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Огласот може да го погледнете тука.

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од завршниот испит по предметите Општо и Специјално Сточарство, со вкупно освоените бодови.

Резултатите можете да ги погледнете тука.

Од Катедрата