Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на ФВМ-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година на студиската програма Безбедност и квалитет на храна (специјалистички студии), пријавувањето на кандидатите за ПРВИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи од 19.09.2022 до 27.9.2022 година.
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.