Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти  на  втор циклус студии на  ФВМ-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година на  студиската програма Безбедност и квалитет на храна (специјалистички студии), пријавувањето на кандидатите за ПРВИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи од 19.09.2022 до 27.9.2022  година.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.