Известување за ангажирање на лица на ФВМ-С

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје има потреба од ангажирање на шест (6) лица врз оснаова на авторски договор на определно време до 31.12.2018 година за работни места со средно и високо образование и тоа:

  • едно (1) лице, со завршено средно образование ветеринарен техничар за потребите на Ветеринарниот институт
  • едно (1) лице, со завршено високо образование од научното поле ветеринарна медицина за потребите на Ветеринарниот институт
  • две (2) лица со завршено високо образование од научното поле ветеринарна медицина за потребите на Универзитетската ветеринрана болница
  • едно (1) лице со завршено високо образование од научните полиња ветеринарна медицина, природно-математичките науки и биомедицинските науки за потребите на Институтот за храна
  • едно (1) лице со завршено високо образование од научното поле ветеринарна медицина за потребите на Институтот за репродукција и биомедицина

Потребна документација: пријава со назначување на работното место за кое се поднесуваат документи која ги содржи најмалку следниве податоци: име и презиме, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, адреса на електронска пошта, телефон, биографија, уверение/диплома за завршен степен на образование.

Документите се доставуваат во оригинал или заверен препис кај нотар.

Рокот за пријавување е до 11 јуни 2018 година до 16.00 часот.

Начинот на спроведување на селекција на кандидатите ќе се спроведе со проверка на пријавата и доказите и интервју со пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите.

Пријавата со документацијата се доставува во архивата на Факултетот за ветеринарна медицина.

                                                                        Факултет за ветеринарна медицина- Скопје