Ветеринијада 2018

Оваа година Студнеткиот парламент на Факултетот за ветреинрна медицина (СПФВМ) ќе организира настан „Ветеринијада 2018“ кој ќе се одржи во периодот од 04-07 јули 2018 година во Конгресениот Центар на Универзитет Св. Кирил и Методиј, во Охрид Р.Македонија.

„Ветеринијада 2018“  претставува едукативно-рекреативен собир наменет за студенти од Факултетите за ветеринарна медицина од регионот и пошироко.

Главни цели на овој настан се:

  • Подобрување на соработка на студентите од ветеринарните факултети;
  • Зголемена интеракција на релација професори – студенти;
  • Проширување на едукативниот хоризонт во области на ветеринарната медицина за студнетите;
  • Збогатување на досегашните стекнати знаења и искуства;
  • Поттикнување на меѓусебната комуникација и интеракција помеѓу студенти од различните факултети.

 

Студентски Парламент на
Факултет за ветеринарна медицина – Скопје
(СПФВМ-С)