Извештај за завршена работилница – Лабораториска дијагностика со примена во клиничката пракса кај мали животни

На деновите 25.10. и 26.10.2018 (четврток и петок) од 13 до 15 часот во Универзитетската клиника и Предавална 3 при ФВМ-С успешно се реализираше првата едукативна работилница, на тема: ,,Лабораториска дијагностика со примена во клиничката пракса кај мали животни”. Практичниот дел од работилницата се одвиваше во Универзитетската клиника и опфати земање, манипулација и анализа на примероци, а теоретскиот дел се одвиваше во Предавална 3 и опфати интерпретација на резултатите во клиничката пракса преку квиз на кој студентите се обидуваа да ја погодат вистинската дијагноза при различни клинички случаи врз основа на клиничката слика на самото животно. Двата дена присуствуваа вкупно 21 студенти (12 во четврток и 9 во петок). Координатор на работилницата беше доц. д-р. Ирена Целеска.