Почитувани студенти и колеги доктори по ветеринарна медицина,
Ве известуваме дека излезе од печат учебното помагало „Практикум за вежби по паразитологија и паразитни заболувања” од авторите проф. д-р Јована Стефановска и науч. сор. д-р Александар Цветковиќ. Практикумот е наменет за студентите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за совладување на практичната настава по задолжителниот предмет Паразитологија и паразитни заболувања, но може да се користи и за изборните предмети: Ветеринарна клиничка паразитологија и Ветеринарна ентомологија. Практикумот ќе им овозможи на студентите полесно да ја совладаат предвидената практична настава за реализација на предметната програма, а може да се користи и во секојдневната клиничка пракса на колегите доктори по ветеринарна медицина.