Свечено доделување на дипломи на диплимираните студенти на Факултетот во академската 2018/2019 година

Почитувани дипломци,

Ве известуваме дека на 15.11.2019 год. (петок) со почеток во 12.00 часот во амфитеатарот (Предавална 2) на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи свеченото доделување на дипломи на диплимираните студенти на Факултетот во академската 2018/2019 година.

Предвидено е Деканот, проф. д-р Лазо Пендовски да ги поздрави дипломците и свечено да ги врачи дипломите. Вашето присуство на свеченоста е задолжително, но доколку не сте во можност да ја подигнете дипломата лично, лицето кое ќе дојде да ја подигне во Ваше име, треба да поседува полномошно од Вас за подигнување на диплома заверено од нотар.

Напомена:

Ве молиме да бидете присутни во 11.30 часот во службата за студентски прашања, за да можете да ја подигнете својата свечена одора, која ќе ја носите на доделата на дипломи.

Известувањето можете да го превземете тука.