Оглас за ангажирање на лица за потребите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

Врз основа на Одлуката на Деканатската управа бр. 0201-343/1 од 24.03.2021  година а во врска со добиената согласност за ангажирање на 10 лица врз основа на договор на дело добиена од Министерството за финансии со бр. 18-2322/2 од 17.03.2021 година, Факултетот распишува

ОГЛАС

за ангажирање на десет (10) лица врз основа на договор на дело за потребите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје има потреба од ангажирање на десет (10) лица врз основа на договор на дело, за период до 31.12.2021 година за работни места со средно и високо образование и тоа:

  1. четири (4) лица, со завршено високо образование (доктор по ветеринарна медицина/стручен соработник)  за потребите на Ветеринарниот институт од  полето на ветеринарните и земјоделски науки, природно-математички науки и медицински науки и здравство;
  2. три (3) лица, со завршено средно образование (ветеринарен техничар/лаборант) за потребите на Ветеринарниот институт
  3. две (2) лица со завршено високо образование (доктор по ветеринарна медицина/стручен соработник) за потребите на Универзитетската ветеринарана болница од полето на ветеринарните и земјоделски науки и природно-математички науки.
  4. едно (1) лице со завршено високо образование (доктор по ветеринарна медицина/стручен соработник) за потребите на Институтот за храна од полето на ветеринарните и земјоделски науки, природно-математички науки и медицински науки и здравство;

Кандидатите треба да ги исполнат општите услови утврдени со закон (доказ за државјанство, доказ за општа здравствена способност за работното место  и доказ  дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност).

Кандидатите треба да ги исполнат посебните услови и тоа:

За работното место под број 1. 3. и 4:

  • Ниво на стручни квалификации квалификации VII/1 степен со стекнати 300 кредити односно најмалку 240 кредити според ЕКТС.
  • aктивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) кое се докажува со прилог сертификат или потврда.
  • активно познавање на комјутерски програми кое се докажува со прилог сертификат или потврда.
  • работно време: понеделник – петок од  07.30/08:30 до 15.30/16:30 часот
  • нето плата: 27.000,00
  • со или без работно искуство
  • лиценца за работа издадена од Ветеринарната комора (само за пријавите на точка 3)

За работното место под 2:

  • ниво на квалификации VA според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 120 кредити според ЕКТС или средно образование со стручен назив кое содвествува на барањето на огласот
  • работно време: понеделник – петок од  07.30/08:30 до 15.30/16:30 часо
  • нето плата: 20.000,00
  • со или без работно искуство

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

  • пријава (име и презиме, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, адреса на електронска пошта, телефон) со јасно назначување за само една позиција за која се пријавуваат,
  • писмо за интерес (мотивационо писмо),
  • кратко CV на македонски јазик,
  • копија од диплома или уверение за завршено  високо образование и
  • докази за исполнување на општите и посебните услови од огласот. 

Документите се доставуваат во оригинал или заверен препис кај нотар.

Пријавите со документите за исполнување на условите се доставуваат преку архивата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје со назнака за Оглас за ангажирање на десет (10) лица врз основа на договор на дело за период до 31.12.2021 година, на адресата Лазар Поп Трајков 5-7, 1000 Скопје.

Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на објавувањето на огласот односно од 29.03.2021 година. Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 5 дена по истекот на рокот за пријавување.

Некомплетните документи, пријавите поднесени од еден кандидат кој аплицирал за повеќе работни места и документите доставени по истекот на рокот нема да се земат во постапка на разгледување.

Начинот на спроведување на селекција на кандидатите ќе се спроведе од Комисија за спроведување на постапката со проверка на пријавата со доказите и интервју со пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите.

Факултет за ветеринарна медицина- Скопје