Со особено задоволство Ве информираме дека проф. д-р Александар Цветковиќ, од Катедрата за паразитологија и паразитни заболувања при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, е поканет и именуван за гостин-уредник (Guest Editor) на специјална колекција на трудови (Research Topic) во секцијата Veterinary and Zoonotic Infection на престижното меѓународно списание Frontiers in Cellular and Infection Microbiology.
Темата на колекцијата е: „Stray Animals as Sentinels of Zoonotic Threats in a One Health Framework“ (Бездомните животни како индикатори за зоонозни закани во рамките на концептот „Едно здравје“).
Овој уредувачки ангажман претставува значајно меѓународно признание за експертизата на проф. Цветковиќ и ја истакнува научно-истражувачката улога на нашиот Факултет во областа на зоонозите.
Колекцијата се фокусира на критичната улога на популациите на бездомни животни како живи индикатори за појава на нови патогени и ширење на зоонози кои го загрозуваат јавното здравје во рамките на концептот „Едно здравје“.
Повикот за доставување трудови е отворен за истражувачи од целиот свет кои работат на мапирање на вектори, надзор на болести и антимикробна резистенција кај бездомните животни.
За повеќе информации и доставување на трудови, посетете го следниот линк:
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) започнува со имплементација на еден од најзначајните меѓународни проекти за јавното здравје во Северна Македонија, со што се прави голем и стратешки исчекор во зајакнувањето на националните капацитети за справување со антимикробната резистенција – еден од најсериозните глобални предизвици на современото време.
Станува збор за проектот MAK5012 „Надградба на националните капацитети за мониторинг на антимикробната резистенција кај животните“, одобрен од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) при Обединетите нации, чија реализација официјално започнува под водство на проф. д-р Искра Цветковиќ, европски специјалист по ветеринарна микробиологија и главен координатор на проектот.
Проектот претставува исклучително значајна инвестиција во износ од 384.680 евра, распределени во тригодишен циклус од 2026 до 2028 година, наменета за темелна модернизација и трансформација на лабораториските капацитети на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Преку набавка на најсовремена технологија и опрема за дијагностика, надзор, епидемиологија и типизација на резистентни бактериски соеви, како и преку специјализирани обуки и научни посети во реномирани меѓународни дијагностички центри, проектот ќе овозможи значително унапредување на националната експертиза и институционална подготвеност во борбата против антимикробната резистенција.
Еден од клучните и најзначајни резултати од спроведувањето на проектот е воспоставувањето на Национална база на податоци за антимикробна резистенција, која ќе претставува централен столб на националниот систем за надзор. Преку дигитално собирање, долгорочно складирање и анализа на метаподатоци за сите тестирани изолати, базата ќе овозможи креирање и спроведување државни политики и одлуки засновани на научни докази, во согласност со интегрираниот пристап „Едно здравје“, кој ја поврзува заштитата на здравјето на луѓето, животните и животната средина.
„Со имплементацијата на овој проект, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје станува носечки столб во националниот систем за надзор на антимикробната резистенција. Преку заштита на здравјето на животните и безбедноста на храната, ФВМС директно го имплементира концептот „Едно здравје“, обезбедувајќи долгорочна заштита на јавното здравје“, истакнаа од ФВМС.
Антимикробната резистенција веќе претставува реална и сериозна закана за глобалното здравје. Според податоците на Светската здравствена организација, секоја шеста бактериска инфекција во светот е отпорна на антибиотици, а само во 2019 година, антимикробната резистенција била директно одговорна за 1,27 милиони смртни случаи, со речиси пет милиони смртни случаи поврзани со резистентни инфекции. Проекциите укажуваат дека до 2050 година, овој број може да достигне и до 10 милиони смртни случаи годишно, што дополнително ја нагласува итноста и важноста на ваквите инвестиции.
„Овој проект е стратешки одговор на глобална здравствена криза. Преку јакнење на националниот систем за мониторинг и преку примената на концептот „Едно здравје“, создаваме основа за навремено препознавање, разбирање и контрола на антимикробната резистенција, во корист на сегашните и идните генерации“, изјави проф. д-р Искра Цветковиќ, главен координатор на проектот.
Со овој проект, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при УКИМ ја зацврстува својата позиција како врвен и единствен национален капацитет во областа на ветеринарната медицина и се етаблира и како регионален лидер во дијагностиката и истражувањето на антимикробната резистенција, придонесувајќи кон исполнување на целите за одржлив развој на Обединетите нации и обезбедување посигурна и поздравa иднина за сите.

Драги матуранти и идни студенти,
Ве покануваме на традиционалниот Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој оваа година ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој факултет. Факултетот за ветеринарна медицина ќе биде отворен за посета во два термина:
- 11:00 – 13:00 часот
- 13:00 – 15:00 часот
Посетата ќе ви овозможи директно да се запознаете со студиската програма Ветеринарна медицина од прв и втор циклус интегрирани студии и начинот на изведување на теоретската и практичната настава, ќе се запознаете со студентите и нивните активности, ќе имате можност да ги посетите просторните капацитети каде се одржува наставата, како и Универзитетската ветеринарна болница.
Во рамките на посетата ќе имате можност да разговарате со професорите и студентите, асистентите и стручните соработници кои се директно вклучени во одржување на наставата. да поставувате прашања за студиските програми, стипендиите, студентскиот живот, практикантството и програмите за студентската мобилност.
Студирајте на факултет кој нуди современо образование, богат практичен ангажман и широки можности за професионален развој.
Изберете ја професијата доктор по ветеринарна медицина – изучувајте ја на Факултетот за ветеринарна медицина – УКИМ.

Анкетата е наменета за студенти, универзитетски кадар и даватели на студентски услуги во сите 33 земји поврзани со програмата Erasmus+. За нејзино пополнување не е потребно претходно искуство со Европската студентска картичка, а времето за пополнување е приближно 10 минути.
Линк до анкетата: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/ESC_Survey_2025
Анкетата претставува важен инструмент за собирање информации за корисноста, познавањето и предизвиците при користење на Европската студентска картичка, а резултатите ќе помогнат во нејзино понатамошно унапредување на европско ниво.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека е распишан Конкурс за студентска мобилност за студирање и студентска мобилност за пракса/стажирање за летниот семестар во академската 2025/2026 во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата.
Краен рок за аплицирање за мобилност за пракса е 21 ноември 2025 година.
Со цел детално запознавање со програмите и можностите за студентска мобилност, ве информираме дека на 22.10.2025 год. (среда) со почеток од 13:30 часот во предавална 1 на ФВМС ќе се одржи информативна работилница за мобилност.
Подетални информации за конкурсот може да најдете тука.
Еразмус+ координатор за Факултет за ветеринарна медицина – проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ (florinap@fvm.ukim.edu.mk)

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација: https://recruitment.jrc.ec.europa.eu/graduate-trainees?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAacx1DtUDccDoyoUWneL4mdRGatAmACO3tlY4q1DwSN0SLhysc7VYbBmfwtuXw_aem_-UExkctzLlrEjnPq0VkUhA
За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.
Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).
Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk“
Почитувани,
Ве информираме дека во тек е уписот на студентите на втор циклус специјалистички стручни студии по Безбедност и квалитет на храна, на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
Повеќе информации за студиската програма, можете да погледнете тука.

Почитувани бруцоши,
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со свечен настан го означува почетокот на новата академска 2025/2026 година.
Првиот академски час ќе се одржи на 1 октомври 2025 година (среда), со почеток во 10:00 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј. Настанот има за цел да ги обедини сите бруцоши и целата академска заедница на едно место.
Во прилог Ви ја доставуваме официјалната покана .
Првиот академски час на Факултетот за ветеринарна медицина -Скопје, ќе се одржи истиот ден на 01 октомври 2025 година со почеток од 13 часот.
Ве очекуваме!

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Соопштение и потребни документи за упис на студенти на интегриран прв и втор циклус на студии
Упатство за начинот на пријавување на кандидатите

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Соопштение и потребни документи за упис на студенти на интегриран прв и втор циклус на студии
Упатство за начинот на пријавување на кандидатите
