Архива на Новости

На 22 септември 2023 година делегација од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје претставувана од деканот проф. д-р Лазо Пендовски, продеканите проф. д-р Ксенија Илиевска, проф. д-р Искра Цветковиќ и доц. д-р Мирослав Ќосевски, како и Раководителот на Институтот за храна проф. д-р Деан Јанкулоски остварија посета на Bетеринарниот факултет при Универзитетот во Сараево, кој беше домаќин на Деканската конференција на високобразовни ветеринарни институции во регионот.

На Деканскиот состанок, деканите од  Bетеринарните факултети од Скопје, Сараево, Љубљана, Загреб и Белград потпишаа заедничка Декларација и Договор за унапредување на ветеринарната медицина во регионот, каде се предвидува одржување, просперитет и компетентност во ветеринарната едукација на институциите од регионот, кои се стратешки партнери и генератори на развојот на ветеринарната медицина во регионот и пошироко.   

Со овие документи заеднички се подржуваат идните предизвици и можности за развој и соработка на високобразовните и научни институции, и се дефинираат областите и активностите на меѓусебната мултилатерална соработка во ветеринарната медицина.

Целосен линк до декларацијата.

Почитувани идни студенти,

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор циклус интегрирани студии на студиската програма – Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ве известуваме дека пријавувањето на кандидатите за ВТОРИОТ уписен рок е на 18 и 19.09.2023 година, со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО.

Пријавувањето за упис на кандидатите за ВТОРИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе биде во период од 09-14 часот, во Службата за студентски прашања, кога кандидати ги приложуваат следните документи:

  • Пријава за запишување – образец А1 (универзитетски пријавен лист, достапен во книжарници во близина на Факултетот);
  • Електронска пријава (генерирана од iKnow системот – интерен и пријавен лист);
  • Оригинални свидетелства од сите класови;
  • Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • Извод од матична книга на родените (оригинал);
  • Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал);
  • Потврда (уплатница) за уплатени 300,00 денари на жиро сметка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот);
  • Потврда (уплатница) за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари образец ПП 50;
  • Лична карта или пасош (документ за идентификација на кандидатот на увид).

Преостанати слободни места за вториот уписен рок.

Доколку кандидатот не се запишува лично, лицето кое ќе го запишува треба да донесе полномошно заверено на нотар.

Конкурсот и соопштението за упис на кандидати, можете да ги погледнете тука.

Ве известуваме дека објавен е Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на УКИМ во академската 2023/2024 година.

Рокови за пријавување и запишување на кандидатите:

Рок за пријавување и запишувањеПрв уписен рокВтор уписен рок
Пријавување на кандидатите18.9.2023 – 6.10.202311.12.2023 – 22.12.2023
Објавување прелиминарни листи13.10.202328.12.2023
Одлучување по приговори20.10.202312.1.2024
Објавување конечни листи25.10.202322.1.2024
Запишување на кандидатите26.10.2023 – 3.11.202323.1.2024 – 31.1.2024

Повеќе информации во врска со Конкурсот, начинот за пријавување и запишување, можете на најдете тука.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува Конкурс за запишување студенти  на  втор циклус студии во учебната 2023/2024.

Рокови за пријавување и запишување:  

 Прв уписен рокВтор уписен рок
Пријавување на кандидатите02 до 13.10.202305 до 16.02.2024
Запишување на кандидатите16 и 17.10.202320 и 21.02.2024

Согласно Конкурсот на Факултетот за ветеринарна медицина на студиската програма Безбедност и квалитет на храна (специјалистички студии), може да се запишат вкупно 15 студенти. 

Студиски програмиБрој на студентиТраење на студиите во семестриШколарина (во евра)
Факултет за ветеринарна медицина Безбедност и квалитет на храна  (специјалистички студии)1521500

Повеќе информации за условите, роковите и начинот на запишување, може да најдете тука.

Отворен е Конкурсот на уписи на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје на интегрирани студии, студиска програма за Ветеринарна медицина. Пријавување на нови студенти на првиот уписен рок е на 30 и 31 август 2023 година преку електронска регистрација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје: www.upisi.ukim.mk.

Пријавувањето за упис на кандидатите во првиот уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје е на 30 и 31.08.2023 година, од 09-14 часот, во Службата за студентски прашања, кога ги приложуваат следните документи:

  • Пријава за запишување – образец А1 (универзитетски пријавен лист, достапен во книжарници во близина на Факултетот) ;
  • Електронска пријава (генерирана од iKnow системот – интерен и пријавен лист);
  • Оригинални свидетелства од сите класови;
  • Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • Извод од матична книга на родените (оригинал);
  • Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал);
  • Потврда (уплатница) за уплатени 300,00 денари на жиро сметка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот);
  • Потврда (уплатница) за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари образец ПП 50;
  • Лична карта или пасош (документ за идентификација на кандидатот на увид).

Доколку кандидатот не се запишува лично, лицето кое ќе го запишува треба да донесе полномошно заверено на нотар.

Соопштение-и-информации-за-упис-на-студенти-2023-2024_000346-1

Повеќе информации за уписите може да се најде тука.

Почитувани сопственици на домашни миленици,

Почнувајќи од 16-ти Август до 29-ти Септември 2023 година, Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе врши бесплатни клинички и ортопедски прегледи на домашните миленици, со цел навремено откривање на бројни ортопедски заболувања и нивна понатамошна превенција. За таа цел, ве молиме да го пополните формуларот кој е во продолжение на ова известување, додека добиените информации ќе послужат за понатамошни истражување во полза на здравјето на милениците – https://forms.office.com/e/aFjdvKWYXf.

За сите дополнителни иноформации, слободно контактирајте не на нашата Е-пошта: uvb@fvm.ukim.edu.mk или на телефонските броеви 071/269-471 или 02/3240-785, секој работен ден од 09-15 часот.

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор интегриран циклус студии на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година, пријавувањето на кандидатите за ПРВИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи на 30.08.2023 и 31.08.2023 година.

XI. Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow–системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e–mail) на една од електронските адреси кои факултетите ќе ги објават за пријавување на кандидатите.

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  1. пријава за запишување (образец А1);
  2. електронска пријава (од iKnow–системот);
  3. оригинални свидетелства од сите класови;
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  5. извод од матичната книга на родените;
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение);
  7. потврда за уплатa:
    – Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка–Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100–0000000–630–95; Уплатна сметка 840–ХХХ–03161; Конто 722313 00);
    – 300 денари на жиро–сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БРУЦОШИ

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови;
  2. три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3);
  3. потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро–сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.

Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.

На ФВМ-С, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
Факултетот на својата огласна табла ќе ги објави роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.

Работилницата за егзотични животни беше вистинско освежување за нашите студенти и присутни.

Студентите преку предавањата на Ненад Димковски, студент на нашиот факултет, се запознаа со неговата страст кон егзотичните животни и искуствата од неговите истражувања.

Проф. д-р Данијела Хорватек Томиќ, ни овозможи да дознаеме повеќе за клиничките прегледи на егзотични животни. Со своето искуство и знаење, таа нè воведе во светот на специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат егзотичните животни.

Војо Иванов, зоонегувателот. Тој нè запозна со најразлични и интересни факти за егзотичните животни, и нè вовлече во нивниот свет преку неговите искуства. Неговата страст и посветеност кон заштитата за животните се вистински вдушевителни! Нашата страст за ветеринарната медицина и љубовта кон животните беше посебно изразена на оваа работилница.

Научното списание и официјална публикација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје “Macedonian Veterinary Review” успешно го заврши процесот на евалуација кај престижната Clarivate Analytics – Web of Science Core Collection и го доби својот прв Impact Factor (фактор на влијание) 0.4 според Journal Citation Reports™ (JCR) за 2023 година.

“Macedonian Veterinary Review” е третото научно списание во Р.С. Македонија кои имаат IF (фактор на влијание), од вкупноте 6-те индексирани списанија на Clarivate Analytics. Едното е научно списание на МАНУ (Balkan Journal of Medical Genetics) а другите две (Macedonian Veterinary Review и Macedonian Journal оf Chemistry аnd Chemical Engineering) се списанија на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје. Земајќи во предвид дека главните уредници се професори на УКИМ, слободно може да се каже дека сите списанија во државата кои имаат фактор на влијание се управувани и развивани од Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје а со тоа уште еднаш се покажа дека најголемиот и најстариот универзитет УКИМ е единствениот од нашата држава кој е двигател на науката на С. Македонија во светски рамки.

Macedonian Veterinary Review се објавува на англиски јазик и ги опфаќа сите научни и технолошки аспекти на ветеринарните науки и другите биомедицински области а е наменето за научници и истражувачи кои работат во истражувачки институти, универзитети и висобразовни институции. Индексирано е во повеќе од 45 научни бази меѓу кои Web оf Science, Scopus-Elsevier, EBSCO, DOAJ, Agricola….итн), едно од првите списанија кое ги посигна етичките принципи на публицирање и затоа е членка на COPE (Committee on Publication Ethics) а денес ко-публицира со издавачката куќа SCIENDO која е дел од германската издавачка куќа De Gruyter,

Постигнат е сериозен успех на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопјеи Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје кој покажува дека ФВМ-С при УКИМ е еден од лидерите во областа научните достигнувања во државата и пошироко и влијае на севкупните постигнувања на државата при рангирањето во светските научни бази.  


Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распиша конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност во летниот семестар на академската 2023/2024 година преку програмата ЕРАЗМУС+ K103.  Конкурсот трае до 5 октомври 2023. Подетални информации за конкурсот може да најдете тука.

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна

[email-subscribers namefield=”YES” desc=”” group=”Public”]