Со особена чест и задоволство споделуваме дека Бојана Чапкуновска, студент на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, е добитник на престижната награда за најдобро дипломиран студент за учебната 2024/2025 година, која традиционално се доделува на најуспешните студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Со својот исклучителен успех, посветеност и љубов кон ветеринарната медицина, Бојана претставува пример за академска извонредност, професионалност и истрајност.
Ова признание претставува едно од најзначајните студентски признанија на УКИМ и се доделува на студенти кои со своите академски достигнувања оставаат траен белег во универзитетската заедница.
И честитаме на Бојана за овој голем успех и ѝ посакуваме уште многу лични, академски и професионални достигнувања во иднина.
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје продолжува да создава кадри кои со знаење, посветеност и хуманост придонесуваат за развојот на ветеринарната професија и науката.
Програмата за заедничката годишна конференција на докторските студии за летен семестар 2025/2026 година, можете да ја погледнете тука.

Почитувани,
Со особено задоволство Ве покануваме да учествувате на 11-тиот Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарната медицина“, кој ќе се одржи покрај Охридското Езеро, Република Северна Македонија, во периодот од 16 до 19 септември 2026 година.
Овој настан е наменет за истражувачи, професори, ветеринарни практичари, официјални ветеринари, докторанди и истражувачи на постдокторски студии и претставува одлична можност за дискусија за предизвиците и актуелните прашања во областа на образованието и науката.
Научната програма ќе опфати пленарни и поканети предавања, кратки усни и постер презентации од областите на: здравствена заштита и благосостојба на животните, репродукција, ветеринарно јавно здравје и безбедност на храната, како и ветеринарно и медицинско образование. Научната програма ќе содржи стручно подготвени трудови, избрани од страна на Комисијата врз основа на нивната научна значајност и иновативност.
Во рамките на собирот ќе бидат организирани и стручни работилници за ветеринарни практичари, посветени на современите достигнувања на ветеринарната медицина во секојдневната клиничка пракса на домашни миленици.
Добредојдени се секако и студентите, кои ќе имаат можност да презентираат трудови под менторство на професор или истражувач.
Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добредојде!
Организациски одбор
Меѓународен научен собир
„Денови на ветеринарната медицина 2026“
Повеќе информации може да погледнете на dvm2026.
Доколку сакате да дознаете што е потребно за успешно планирање и реализација на еден Erasmus+ KA2 project проект, ве покануваме да го проследите овој бесплатен вебинар посветен на целокупниот процес – од првичната идеја до финалните резултати.
Во рамки на вебинарот ќе бидат опфатени клучни теми поврзани со подготовката на проектната апликација, изборот на соодветни партнери, координацијата на проектните активности, конкретни и одржливи резултати, како и дисеминација на постигнатите резултати.
Без разлика дали размислувате да аплицирате за нов KA2 проект или веќе сте вклучени во тековен проект, оваа сесија ќе понуди практични насоки, корисни препораки и реални искуства стекнати преку VETCOM.
Вебинарот претставува одлична можност за наставниот кадар, истражувачи, проектни координатори и сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења за успешното управување со Erasmus+ проекти.
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Упатство за начинот на пријавување на кандидатите

Конкурсот за упис на студенти на трет циклус студии по Ветеринарна медицина и Безбедност на храна, можете да го погледнете тука.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Рокови за пријавување и запишување на кандидати
Упатство за начинот на пријавување на кандидатите





