Архива на Новости

Работилницата за егзотични животни беше вистинско освежување за нашите студенти и присутни.

Студентите преку предавањата на Ненад Димковски, студент на нашиот факултет, се запознаа со неговата страст кон егзотичните животни и искуствата од неговите истражувања.

Проф. д-р Данијела Хорватек Томиќ, ни овозможи да дознаеме повеќе за клиничките прегледи на егзотични животни. Со своето искуство и знаење, таа нè воведе во светот на специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат егзотичните животни.

Војо Иванов, зоонегувателот. Тој нè запозна со најразлични и интересни факти за егзотичните животни, и нè вовлече во нивниот свет преку неговите искуства. Неговата страст и посветеност кон заштитата за животните се вистински вдушевителни! Нашата страст за ветеринарната медицина и љубовта кон животните беше посебно изразена на оваа работилница.

Научното списание и официјална публикација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје “Macedonian Veterinary Review” успешно го заврши процесот на евалуација кај престижната Clarivate Analytics – Web of Science Core Collection и го доби својот прв Impact Factor (фактор на влијание) 0.4 според Journal Citation Reports™ (JCR) за 2023 година.

“Macedonian Veterinary Review” е третото научно списание во Р.С. Македонија кои имаат IF (фактор на влијание), од вкупноте 6-те индексирани списанија на Clarivate Analytics. Едното е научно списание на МАНУ (Balkan Journal of Medical Genetics) а другите две (Macedonian Veterinary Review и Macedonian Journal оf Chemistry аnd Chemical Engineering) се списанија на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје. Земајќи во предвид дека главните уредници се професори на УКИМ, слободно може да се каже дека сите списанија во државата кои имаат фактор на влијание се управувани и развивани од Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје а со тоа уште еднаш се покажа дека најголемиот и најстариот универзитет УКИМ е единствениот од нашата држава кој е двигател на науката на С. Македонија во светски рамки.

Macedonian Veterinary Review се објавува на англиски јазик и ги опфаќа сите научни и технолошки аспекти на ветеринарните науки и другите биомедицински области а е наменето за научници и истражувачи кои работат во истражувачки институти, универзитети и висобразовни институции. Индексирано е во повеќе од 45 научни бази меѓу кои Web оf Science, Scopus-Elsevier, EBSCO, DOAJ, Agricola….итн), едно од првите списанија кое ги посигна етичките принципи на публицирање и затоа е членка на COPE (Committee on Publication Ethics) а денес ко-публицира со издавачката куќа SCIENDO која е дел од германската издавачка куќа De Gruyter,

Постигнат е сериозен успех на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопјеи Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје кој покажува дека ФВМ-С при УКИМ е еден од лидерите во областа научните достигнувања во државата и пошироко и влијае на севкупните постигнувања на државата при рангирањето во светските научни бази.  


Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распиша конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност во летниот семестар на академската 2023/2024 година преку програмата ЕРАЗМУС+ K103.  Конкурсот трае до 5 октомври 2023. Подетални информации за конкурсот може да најдете тука.

Настанот е во организација на Центарот за кариера на УКИМ, со цел унапредување на вештините и насочување на студентите во нивниот понатамошен кариерен развој. На настанот ќе учествуваат 30 етаблирани компании од земјава и странство кои на студентите ќе ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.

Со свои штандови ќе се претстават: Алкалоид, Филип Морис ТКП, Џонсон Мети, Реплек, Зегин, Јака Нова, Маркарт Македонија, ИГМ Трејд, Van Hool, Вабтек МЗТ, НЛБ банка, ПроКредит Банка, Шпаркасе Банка, Рудник САСА, Синцеритас, Микросам Прилеп, 42 Dynamics, Аспект, ИТХР Македонија, Макстил, Цеметарница Усје, Раде Кончар ТЕП, Жито Лукс, Окта, Технопериа, Адиент, ЛТХ Леарница, IT-Labs, АСК, Thrivity.

Покрај организираните едукативни сесии, студентите ќе имаат можност да креираат свое професионално CV со кое ќе можат веднаш да аплицираат на штандовите на компаниите.

Агенда за настанот https://fvm.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2023/05/Агенда-за-настанот.pdf

Драги матуранти, наши идни студенти!


ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 27 април 2023 во
два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од
факултетите!
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на
студентите, центрите за кариера.


Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за
студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на
студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти,
дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за
практикантството, за кариерните можности.


Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети,
предавални, лаборатории…
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!


Се гледаме на 27 април.

Иновативно истражување за SMP имплантите за поправка на коскени дефекти на Мелиса А. Грунлан, познат експерт за биомедицински инжинеринг од Универзитетот А&М во Тексас (TAMU), беше дел предавањето кое таа го одржа на Факултетот за Ветеринарна Медицина – Скопје со наслов „Self-fitting, Shape Memory Polymer Scaffolds for Bone Defect Repair“, за примена на мемориски полимерни (SMP) импланти за корекција на бројни коскени неправилности и дефекти.

– Факултетот за Ветеринарна Медицина – Скопје имаше голема чест што беше домаќин на ваков истакнат говорник. Иновативното истражување на проф. Грунлан за SMP имплантите за поправка на коскени дефекти нуди голем потенцијал и сме благодарни за можноста да учиме од неа, рече деканот на Факултетот за Ветеринарна Медицина – Скопје, проф. д-р Лазо Пендовски.

Тој додаде дека и во иднина ќе има истражувања кои ќе продолжат да ги поместуваат границите на биомедицинскиот инженеринг и да ги подобрат резултатите како во хуманата, така и во ветеринарната медицина.

Предавањето привлече разновидна група на присутни, вклучувајќи биомедицински истражувачи, медицински професионалци и студенти од различни области, сите желни да учат од еден од водечките експерти во биомедицинскиот инженеринг.

Презентацијата на проф. Грунлан ги истакна можностите на SMP имплантите за корекција на коскените дефекти и ги покажа нејзините иновативни стратегии и истражувања во врска со подобрување на карактеристиките на овие материјали.

Во Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, инсталирана е и пуштена во работа нова најсовремена опрема – автоматски биохемиски анализатор, ензимски имунофлуоресцентен анализатор и хематолошки анализатор во функција на Универзитетската ветеринарна болница.

На 24 јануар 2023 година на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје се одржа трибина со наслов “ЕАЕВЕ-ФВМС ПРИДОБИВКИ И ПОТРЕБИ”. Трибината ја водеа проф. д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот заедно со проф. д-р Ненад Турк, поранешен декан на Факултетот за ветреинарна медицина при Универзитетот во Загреб и визитинг професор на ФВМС. На трибината учествуваа професорите од Факултетот кои се вклучија во дискусиите и ги посочија своите видувања во насока на меѓународната акредитација на Факултетот.

Проф. д-р Ненад Турк ги презентираше придобивките од меѓународната акредитација во ЕАЕВЕ со посебен осврт на студирањето на англиски јазик. Воедно ги претстави можните прдобивки од акредитацијата а особено ја истакна претпознатливоста и видливоста на секој ветеринарен естаблишмент кој е член на оваа асоцијација.

Стратегиска определба на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје е пролноправно членство во ЕАЕВЕ што уште еднаш се потенцираше на трибината од страна на наставно-научниот кадар на Факултетот.

Следејќи ги најновите достигнувања во ветеринарна медицина, Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје ја претстави новата алатка во дијагностиката на болестите кај домашните миленици преку набавката на нов компјутерски томограф.

За прв пат во нашата држава, Факултетот ги обедини на едно место сите услуги на современата дијагностика кај домашнте миленици, со што се започнува со едно ново поглавје на услуги за врвна дијагностичка процедура на многу болести.

Со набавката на високософицирана компјутерска томографија (SIEMENS Healthineers SOMATOM go. Now) се овозможува брза и прецизна дијагностика кај домашните миленици со примена на минимално зрачење.

Компјутрскиот томограф е од најновата генерација и располага со софтвер за комплексна детекција на сите промени на телото репродуцирајќи квалитетни снимки кои имаат можност за реконструктивен тродимензионален приказ на промените со примена на контрастно средство за уште подетален приказ.

Факултетот за ватеринарна медицина во Скопје како водечка институција во државата, со набавката на нов современ апарат за дијагностички цели дополнително на студентите им овозможи поквалитетно студирање и стекнување на практични вештини и компетиции како идни доктори по ветеринарна медицина, а на клиентите им се овозможува квалитетна услуга за брз аи современа дијагностика на нивните домашни миленици.

На две последователни работилници на ФВМС беа презентирани Физибилити студијата и Проектот за воспоставување едукативен и тренинг центар за развој на товни раси на говеда во земјава. На презентацијата присуствуваа бројни гости од сите релевантни институции од областа на земјоделството, претставници на ФАО, како и на бизнисот и академската фела.

„Едукативниот и репроцентарот би одиграл голема улога во развојот на сточарството и производството на говедско месо. Директните бенефити од еден ваков центар се обезбедување и дисеминација на супериорен генетски материјал, едукација и тренинг на фармери, што ќе ја зголеми продуктивноста и профитабилноста во домашното производство на говедско месо, како и помош и водство на придружните индустрии и подобрување на националните капацитети за бизнис во овој сектор“, посочи деканот на ФВМС, проф. д-р Лазо Пендовски.

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна

[email-subscribers namefield=”YES” desc=”” group=”Public”]