ВТОР УПИСЕН РОК за запишување на студенти на прв + втор циклус интегрирани студии на ФВМ-С во учебната 2022/2023

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор интегриран циклус студии на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година, пријавувањето на кандидатите за ВТОРИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи на 15.09.2022 и 16.09.2022 година. На факултетот има преостанато уште само 21 слободни места за запишување во учебната 2022/2023 година.XI. Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnowсистемот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (email) на една од електронските адреси кои факултетите ќе ги објават за пријавување на кандидатите.

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  1. пријава за запишување (образец А1);
  2. електронска пријава (од iKnowсистемот);
  3. оригинални свидетелства од сите класови;
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  5. извод од матичната книга на родените;
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение);
  7. потврда за уплатa:
    Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметкаСкопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100000000063095; Уплатна сметка 840ХХХ03161; Конто 722313 00);
    300 денари на жиросметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БРУЦОШИ

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови;
  2. три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3);
  3. потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот носител на студиската програма), на жиросметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.

Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.

На ФВМ-С, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
Факултетот на својата огласна табла ќе ги објави роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.