Се известуваат наставниците и студентите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје дека поради вонредните околности во државата настанати со пандемијата со коронавирусот Министерот за образование и наука наложи организирање на настава од далечина (т.е. е-настава). Поради тоа:
- ФВМС набави 4 лиценци за користење на платформата ZOOM.US (линкот е https://zoom.us/signin), а наставниците дополнително ќе ги добијат линковите и пасвордите за овие 4 лиценци;
- На студентите не им требаат лични сметки (акаунти) за е-наставата, туку ќе се вклучуваат во неа преку линковите што наставникот ќе ги испрати до нивните лични е-адреси;
- доколку имате проблеми со користењто на оваа платформа можете да му се обратите на факултеткиот советник за ИКТ Виктор Денковски;
- наставата од далечина треба да започне на 23.3.2020 год. (понеделник) според официјалниот распоред (ден, час и предавална);
- од наставата ќе се одржуваат само предавањата, и евентуално вежбите кај оние предмети каде што се и тие кабинетски или семинарски, додека останатите облици настава (лабораториска, клиничка, теренска) ќе се одржат кога ќе се создадат услови за тоа, на начин кој ќе биде дополнително утврден;
- се откажуваат предвидените континуирани проверки, а тие ќе бидат одржани кога ќе се создадат услови за тоа, на начин кој ќе биде дополнително утврден;
- присуството на студентите на наставата од далечина е задолжително.