Катедри

Катедрите претставуваат наставно-научна и функционална целина на Факултетот, кои се формираат со цел да усогласување и развивање на наставно-образовната, научно-истражувачката и применувачката дејност. Катедрата ја сочинуваат вработените избрани во наставнонаучни, научни и соработнички звања, од иста или сродна научна област кои се во редовен работен однос на факултетот.

Катедрите во рамките на својата дејност соработуваат при приготвување на студиските програми и програмите за истражувачката работа, остваруваат наставно-образовна, научно-истражувачка и применувачка, односно апликативна дејност. Една од основните задачи на катедрата е да ги разгледуваат прашањата и проблемите кои настануваат при реализирањето на студиските програми и истовремено ја насочуваат, усогласуваат високообразовната, научноистражувачката и применувачката, односно апликативната работа.
Наставниците во рамките на катедрата се грижат за пренесување на научноистражувачките достигнувања и новите знаења во наставно-образовниот процес и за нивно вклучување во студиските програми во сите циклуси на студии.
Преку катедрите се обавува стручното и научното усовршување на наставниците и соработниците, предлагаат теми за сите организирани циклуси на високото образование, како и учебници, учебни помагала и стручна литература.

 Во рамките на  Факултетот за ветеринарна медицина се организирани следниве катедри:

  • Катедра за хемија (повеќе)
  • Катедра за биохемија и биологија на клетка (повеќе)
  • Катедра за функционална морфологија (повеќе)
  • Катедра за одгледување на животни (повеќе)
  • Катедра за исхрана на домашните животни (повеќе)
  • Катедра за фармакологија и токсикологија (повеќе)
  • Катедра за хигиена на животните и заштина на животната средина (повеќе)
  • Катедра за ветеринарна економија, менаџмент и биостатистика (повеќе)
  • Катедра за микробиологија и имунологија (повеќе)
  • Катедра за паразитологија и паразитни заболувања (повеќе)
  • Катедра за управно ветеринарство (повеќе)
  • Катедра за патофизиологија (повеќе)
  • Катедра за патолошка морфологија и судска медицина (повеќе)
  • Катедра за рендгенологија со физикална терапија (повеќе)
  • Катедра за внатрешни болести на фармски животни (повеќе)
  • Катедра за внатрешни болести на миленици и копитари (повеќе)
  • Катедра за заразни болести и епидемиологија (повеќе)
  • Катедра за биологија и патологија на пчели, риби и ловен дивеч (повеќе)
  • Катедра за болести кај птиците (повеќе)
  • Катедра за репродукција (повеќе)
  • Катедра за хирургија, ортопедија и офталмологија (повеќе)
  • Катедра за безбедност на храна и ветеринарно јавно здраство (повеќе)