Катедра за паразитологија и паразитни заболувања

1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Паразитологија и паразитарни заболувања

Ветеринарната паразитологија е наука која ги проучува паразитите кај домашните и дивите животните и нивниот сооднос, нивната таксономска подреденост, морфологија, развоен циклус и условите на околината и животните во кои тие опстануваат. Исто така, таа ги опфаќа и паразитарните зоонози кои се пренесуваат од животните на луѓето и паразитарните антропозоонози кои се пренесуваат од луѓето на животните. Генезата и развојот на паразитарните заблувања се исто така опфатени, како и нивната дијагностика, терапирање и превентива.

2. ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Паразиотлогијата е базичен предмет, додека паразитарните заболувања се во доменот на клиничките предмети.

3. ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е да ги обучи студентите за идентификација на најразличните видови на паразит (Хелминти, Артроподи и Протозои), нивна таксономска припадност и морфолошки карактеристики, биологијата на празитите, развојните форми и условите на нивното опстанување во однос на еколошките услови. Студентите треба да добијат сознанија и за начинот на анализа и интерпретација на делувањето на празитот врз домаќинот, од што произлегува и патогенезата и развојот на болеста, а воедно и значењето на паразитарните заболувања во јавното здравство. Студентите финално треба да се здобијат со практично искуство за правилно дијагностицирење на паразитарните заболувања, соодветно терапирање и апликација на препорачаните контролни и превентивни мерки.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во V и VI семестар, со вкупен број од 135 часа, од кои 60 часа се теоретска настава и 75 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: се одвива со изведување на тематски предавања и дискусија на студентите, кои со совоите претходни знаења од сродните дисциплини и припреми за тематската целина, активно придонесуваат во интерактивната настава).

Практична настава: се изведува во Лабораторијата за паразитологија и паразитарни заболувања во помали групи , каде студентите самостојно вршат микроскопска и макроскопска идентификација на паразитите и нивните развојни облици, а воедно ги совладуваат и изведуваат методите на дијагностика на паразитарните заболувања.

Семинарска работа: самостојно изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот .