Катедра за економија и менаџмент

РУРАЛНА ЕКОНОМИЈА
1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ:

Рурална економија Руралната економија е наука која ги запознава студентите со основните закони на економијата, но применети во рурални средини со сите карактеристики на таа средина односно посебен осврт кон агроекономијата, регионалниот економски развој и одржливоста.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Рурална економија е задолжителен предмет во групата на предклинички предмети (предмети за анимално производство)

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е да ги запознае студентите со основните економски принципи и закони, имплементирајќи ги истите во рурално опкружување. При тоа се додаваат и посебните карактеристики кои тоа рурално опкружување ги дава на економските принципи. Посебен осврт се дава на економијата на аграрот и одржливиот економски развој како нова парадигма во економијата.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во III семестар, со вкупен број на 30 часови од кои 15 часа се теоретска настава и 15 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во помали групи со студија на случај, дискусии и анализи на состојбите, а по потреба и посета на објектуи на терен.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ И МЕНАЏМЕНТ НА ВЕТЕРИНАРНА ПРАКСА
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Основи на мнаџмент и менаџмент на ветеринарна пракса

Предметот ги развива т.н. меки вештини кај ветеринарните практичари, разразработувајќи ги основните постулати на менаџментот како што е планирање, организација и контрола, но исто така и специфичните аспекти на менаџирањето на приватна ветеринарска пракса како што се односите со клиентите, третманот на човечките ресурси, финансиските показатели на успешноста.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Основи на менаџмент и менаџмент на ветеринарна пракса е задолжителен предмет од групата на клинички предмети (дополнителни професионални знаења).

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на изучување на Основи на мнаџмент и менаџмент на ветеринарна пракса е овозможување на способност за тимска работа, способност за основни калкулации на трошоците, способност за бизнис планирање и организирање, откривање на zna~eweto na motivacijata za vrabotenite, vrednuvaweto i kompenzacijata na rabota, kako i va`nosta na zdravjeto i bezbednosta na vrabotenite и слично. Практичната работа овозможува студентите да се запознаат со практичните аспекти на предметот како SWOT анализа, COST/BENEFIT анализа и други практични примери на менаџмент активности.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во IX семестар, со вкупен број на 45 часови од кои 30 часа се теоретска настава и 15 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во помали групи со студија на случај, дискусии и анализи на состојбите, а по потреба и посета на објекти на терен.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

ЕКОНОМИКА НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Економика на сточарско производство

Економика на сточарството е наука која што ги запознава студентите со основните економски принципи на сточарското производство.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Економика на сточарството е изборен предмет во групата на предклинички предмети (предмети за анимално производство)

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на изучување на Економика на сточарството е надградба на знаењата од областа на економијата со посебен осврт на фармско производство. Затоа овој предмет ќе ги обработува подетално карактеристиките на сточарското претпријатие, карактеристиките на фармско чување и одгледување на различни видови на животни и тоа говедарство, овчарство и козарство, свињарство и живинарство. При тоа ќе бидат обработени сите поединечни карактеристики на поедини производства како од организационо-технички, така и од економски аспект.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во IV семестар, со вкупен број на 45 часови од кои 30 часа се теоретска настава и 15 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во помали групи со студија на случај, дискусии и анализи на состојбите, а по потреба и посета на објекти на терен.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

МАРКЕТИНГ НА ВЕТЕРИНАРНА ПРАКСА
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Маркетинг на ветеринарна пракса

Предметот ги развива маркетинг познавањата кај ветеринарните практичари, разразработувајќи ги основните постулати на маркетингот како што е услуга, цена, промоција и дистрибуција, овозможувајќи им на студентите поголем успех при работењето во приватна ветеринарска пракса.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Маркетинг на ветеринарна пракса е изборен предмет од групата на клинички предмети (дополнителни професионални знаења).

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на изучување на Маркетинг на ветеринарна пракса е да ги запознае студентите со основите на маркетингот на ветеринарната пракса. Тоа значи дека студентите треба да стекнат основни знаења за нивното идно вклучување во стопанството преку отварање на приватна ветеринарна пракса. Овој предмет особено се надополнува и е компатибилен со предметот Основи на менаџмент и менаџмент на ветеринарна праксаката кој е задолжителен предмет. Овие два предмети заедно ќе им овозможат на студентите да привлечат што е можно повеќе клиенти, како и да ги задржат истите. Идниот доктор по ветеринарна медицина треба да добие основни знаења за тоа што очекуваат неговите клиенти, како да ја унапреди својата пракса и да ефектуира што е можно повисок доход. За таа цел неопходни му се основни сознанија за однесвањето на клиентите, за природата и карактерот на услугата што ја нуди, за начините на кои може и треба да ги формира цените на своите услги, за каналите по кои ќе ја дистрибуира пораката до клиентот, со еден збор како успешно да ги користи инструментите на маркетингот во управувањето со праксата.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во X семестар, со вкупен број на 15 часови од кои сите 15 часа се теоретска настава.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: нема

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

УПРАВУВАЊЕ СО КАНАЛИТЕ ЗА НАБАВКА НА АНИМАЛНИ ПРОИЗВОДИ
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Управување со каналите за набавка на анимални производи

Каналите за набавка или (supply chain) се многу актуелна тема во ЕУ. Една од основните задачи на ветерината како професија е да ги следи анималните производи по овие канали почнувајќи од самото производство, па се до самата консумација на производот. Затоа е неопходно да се знаат сите правила и економските аспекти на овие канали.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Управување со каналите за набавка на анимални производи е изборен предмет од групата на предмети за безбедност на храната.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Цел на овој предмет ќе биде да детално го запознае идниот ветеринар со каналите на набавка, нивната важност, значење, економски аспекти, организациони правила и регулација. Особено е интересно овој курс да го посеттуваат ветеринарите кои ќе имаат можност да работат во доменот на ветеринарната инспекција и/или ветеринарната управа.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во X семестар, со вкупен број на 30 часови од кои сите 30 часа се теоретска настава.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: нема

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.